Украинско Министерство за здравство: 18 медицински работници се убиени, а речиси 900 медицински установи се оштетени или уништени
Украинското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 18 медицински работници се убиени, а речиси 900 медицински установи се оштетени или уништени за време на руската инвазија врз Украина, која влезе во шестиот месец.
Министерството за здравство на својот Фејсбук профил објави дека од 24 февруари и почетокот на руската воена операција, повеќе од 50 медицински работници се ранети во руските напади.
Во соопштението се наведува и дека 123 медицински установи во Украина биле целосно уништени за време на инвазијата, додека 746 имаат потреба од интервенција и поправка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…
Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…
Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер,…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…