Украинците тврдат дека се во контра-офанзива – целта е освојување на Херсон
Иако Русија имаше и се уште има напредок во регионот на Донбас, сликата е сосема поинаква во околината Херсон, кој е најголемиот град кој се уште е под контрола на руските сили. Украина тука премина во контра-офанзива, а воените сили се доближија на помалку од дваесетина километри од центарот на градот. Текот на воените дејствија ги потисна руските сили, а очекувањата на дел од украинските власти е до септември да бидат во центрот на Херсон.
-Почнавме со контра-офанзива. Стратешки чекори беа преземени за мостовите „Антоновски“ и Дарив“, за уништување на муниција, командни центри и опрема на непријателот во текот на целата линија на фронтот и тоа е се дел од подготвителната работа. Сега прашањето е за помоќни и прецизни артилериски удари на фронтот и чистење на русите од позициите кои ги имаат окупирано.-Сергеј Хлан – Пратеник во херсонската рада.
Интересно е тоа што двата моста кои изминатоит период украинската војска ги нападна благодарение на оружјето од западот се единствената линија на контакт со останатиот дел кој е под контрола на Русија. Доколку тие бидат уништени ќе го отежнат руското снабдување со војска и муниција. Доза на оптимизам изрази и украинскиот Претседател Зеленски кој порача дека борбите ќе продолжат со несмален интензитет.
-Дури и окупантите знаат дека ќе победиме. Тоа го слушаме во нивните разговори постојано, во тоа што тие им го велат на нивните блиски кога ги контактираат. Затоа, ние нема да запреме, и како и секој ден изминатите пет месеци ќе продолжиме да правиме се за да предизвикаме најголеми можни загуби на непријателот и да добиеме што е можно поголема поддршка за Украина,-Володимир Зеленски – Претседател на Украина.
Во меѓувреме, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров од Каиро каде се обрати пред претставниците на Арапската лига со порака дека Русија во Украина работи на промена на режимот, нешто што според него имало поддршка од луѓето во регионот.
-Ние сме решени да им помогнеме на луѓето на истокот од Украина да се ослободат од товарот на овој апсолутно неприфатлив режим. Да бидат целосно слободни да го користат својот јазик, да ја практикуваат својата религија, култура, традиција и семејни вредности. Токму тоа е и желбата на луѓето кои живеат таму.-Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи на Украина.
И додека траат борбите во Украина, поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер кој во неколку наврати даде предлози за мировно решение, повтори дека Украина и западот во идните мировни преговори не треба да и отстапуваат на Русија ниту еден дел од украинската територија окупирана од почетокот на војната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се намалува инфлацијата во Еврозоната
Годишната стапка на инфлација во еврозоната изнесуваше…
Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…
Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…