Украл автомобил, возел пијан и без возачка и бегал од полиција – Уапсен млад беровец
На 23.02.2026 година во 01:15 часот на улица „Индустриска“ во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Е.Џ.(25) од Берово. Лицето било затекнато при управување на моторно возило кое претходно било противправно одземено на подрачјето на Берово, а по даден знак за запирање се дало во бегство.
По преземени мерки и активности, истото било сопрено и лишено од слобода, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „oдземање на моторно возило“ по член 242 став (1) од КЗ на РСМ. При лишувањето од слобода извршено е алкотестирање, при што биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта. Исто така, било констатирано дека лицето управувало моторно возило без да поседува важечка возачка дозвола, со што постои основано сомнение дека е сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од КЗ на РСМ. За настанот е известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украл автомобил, возел пијан и без возачка…
На 23.02.2026 година во 01:15 часот на…
Приведен возач во Маџари, возел пијан и…
Минатата ноќ возач со 1.65 промили алкохол…
Пожар во куќа во Битола – нема…
На 22.92.2026 во 01:06 часот во СВР…
Жена почина по удар од товарно возило…
На 21.02.2026 околу 16.30 часот во ОВР Струга е…
Запален џип во Струмица, наводно му припаѓал…
Џип „ренџ ровер“ бил запален вчеравечер во…