Објавено на:

Уставниот суд на Италија пресече: На децата да им се даде презимето на двајцата родители, сегашната практика е дискриминаторска и штетна

t

На италијанските деца треба да им се даде презимето на двајцата родители, соопшти Уставниот суд, со што ја поништува традицијата според која сите новороденчиња автоматски се именуваат по нивниот татко, пренесува Ројтерс.

Сегашната практика е „дискриминаторска и штетна за идентитетот“ на детето, се вели во соопштението на судот, во кое се додава дека двајцата родители треба да можат да го изберат презимето.

На децата треба да им се даваат презимињата на двајцата родители по редослед каков што ќе одлучат, освен ако не се согласат нивните деца да земат само едно од нив, се додава во соопштението на судот.

Сега е потребна нова легислатива, која треба да биде одобрена од парламентот, за да се спроведе одлуката.

Министерката за семејство Елена Бонети на Фејсбук напиша дека владата целосно ќе го поддржи парламентот во овој процес.

„Треба да дадеме суштина (на одлуката) и тоа е висок приоритет и итна задача на политиката да го стори тоа“, напиша таа, додавајќи дека родителите треба да преземат еднаква одговорност за воспитувањето на детето.

Папата Франциск и политичките лидери на Италија изразија загриженост за влијанието на падот на наталитетот врз земјата, при што трошоците за одгледување деца се сметаат за еден од факторите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данец со камера скриена во пенкало, снимал…

Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…

Гром удри на плажа во Италија, најмалку…

Најмалку три лица се повредени денеска, од…

Силен земјотрес ја погоди јужна Италија!

Земјотрес со јачина од 5 степени според…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Брука: Деца и родители се тепале во…

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог…