Уставните измени ќе се фокусираат само на преговарачката рамка

t

Работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, откако вчера го усвои Деловникот за работа, ќе почне да се состанува еднаш неделно, а по потреба и почесто. Целта е да се изготви предлогот и да се достави до Владата во предвидената временска рамка, согласно процесите на Европската uнија.

Фокусот на работата ќе биде она што значи европскиот предлог и преговарачката рамка за Македонија, односно внесување на Бугарите и дурги етнички заедници во Уставот, како услов за продолжување на преговорите со ЕУ.

Претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска рече дека тие нема да влегуваат во евентуални промени на Уставот со внесување на албанскиот јазик, наместо одредбата над 20 отсто од населението, бидејќи, како што рече, мандатот на членовите на работната група е ограничен.

Во меѓувреме и европските сојуници на Македонија, и стратегискиот партнер САД инсистираат од опозицијата да се заврши работата со уставните измени, со што би се реализира втората меѓувладина конференција меѓу Скопје и Брисел, и би се отвориле преговарачките кластери за прием во ЕУ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: Овие 500 милиони евра се наменети…

Ова се едни од најдобрите услови што…

Гаши: Геноцид како во Сребреница не смее…

Геноцид како во Сребреница не смее да…

(Видео) Илјадници опозициски демонстранти го обвинуваат Еди…

Албанската опозиција синоќа одржа масовен антивладин протест,…

Ослободени се сите обвинети за обидот за…

Сите обвинети во случајот „државен удар“ во…

„Влен“ со седум заменици-министри, Исмаили во одбрана,…

Министерот за здравство и дел од коалицијата…