Уставни измени нема да има ако не се исполнат минимум два услова, вели власта
Уставни измени нема да има ако не се исполнат минимум два услова – во животот треба да покажете карактер инаку ќе бидете мивка, а тие лошо завршуваат. Ова го порача премиерот Мицкоски, во законодавниот дом пред пратениците.
Изјави – додека тој е премиер, нема да има отстапки, промени и додавки и постави два јасни услови – загарантирани права за Македонците во Бугарија и меѓународни гаранции за македонскиот идентитет, јазик и крај на билатералните вета.
Мицкоски побара поддршка од сите политички субјекти, за како што изјави – резолуција со државнички став.
– Треба сите заедно да донесеме резолуција, но не за македонскиот јазик, тоа е факт и тој е кодифициран пред повеќе од 80 години и меѓународно признат и се изучува во повеќе од 100 универзитети во светот. Донесовме тука брилијатни милијарда резолуции. Туку треба да донесеме резолуција во која ќе имаме еден став, државнички став, дека без овие два три процеси минимум, било какви отстапки во иднина за било која тема. Затоа што морате некогаш во животот да покажете карактер, инаку ќе бидете мивка. А мивките лошо завршуваат – порано или подоцна, изјави Мицкоски.
Пратеникот Скендер Реџепи на ова му одговори дека и претходната и оваа влада ја имаат неговата поддршка за заштита на македонскиот јазик и идентитет, но дека е жалосно што нема поддршка за албанскиот јазик, односно како што изјави -за фамозниот 20 отсто јазик.
Реџепи претходно побара гласање на резолуција за заштита на македонскиот јазик и порача дека уставните измени мора да се спроведат порано или подоцна.
– Нашите одлуки зависат – дали идните генерации ќе ги благословиме или ќе ги проколнеме. Од нас зависи. Затоа јас сега верувам дека вие како премиер и влада имате апсолутно мнозинство и нема да одите кон тој чекор уставни измени. Но еве и јас јавно го кажувам ова и ќе биде документирано. Северна Македонија порано или подоцна ќе мора да донесе уставни измени. Мора да почнеме да чекориме кон ЕУ, со ВМРО ДПМНЕ, со СДСМ, со ДУИ или без нив, изјави Реџепи.
Премиерот Мицкоски во Собранието денеска изјави и дека на Македонците во Бугарија им се одземени сите права, а сега бараат само здружение кое би се борело за правата на македонската заедница во Бугарија.
Пораката на Мицкоски е на само два дена по размената на ставови помеѓу македонското и бугарското МНР. Официјална Софија, во вторник, ја оцени како манипулативна изјавата на министерот Муцунски – за поголеми членки на ЕУ да влијаат да се оддржи состанок меѓу него и бугарскиот колега. Од македонското МНР на ова вратија дека официјална Софија се однесува како рецензент на изјави- наместо како партнер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уставни измени нема да има ако не…
Уставни измени нема да има ако не…
Левица: Измените на Кривичниот законик се скандалозни,…
Со донесените измени на членот 353 од…
Филипче најави тужба за Жан: Нема да…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче одговарајќи на…
Мицкоски: Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани,…
„Презумција на невиност мора секој да почитува…
Бислимоски: Нема да дозволам да биде извалкано…
Постапките за одземање на лиценца за било…