Уставот на годишен одмор: Маричиќ објасни кога ќе започнат уставните промени

t

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање рече дека обврската за промена на Уставот, односно вметнување на Бугарите во него, ќе мора да се случи пред да се одржи следната меѓувладина конференција на која ќе се отворат кластерите.

– Ќе консултираме експерти кога ќе го започнеме овој процес, а владата ќе започне иницијатива за уставните измени, како што беше со Преспанскиот договор. Ние сè уште немаме утврден календар за уставни измени, но тоа е обврска која треба да ја завршиме најдоцна до крајот на скринингот. Внимателно ќе ги разгледаме околностите, атмосферата, дијалогот во Собранието. Целта е да завршат успешно … Секако ќе биде по летните одмори. Тогаш ќе можеме да говориме за точен календар. Важно ни е да одиме ниту пребрзо но ниту преспоро. Најважно е исходот да биде позитивен – изјави Маричиќ.

Во понатамошниот дел од одговорите Маричиќ објасни дека овие уставни измени, во содржинска смисла, се најлесните досега. Причината, додаде, е што само треба да се додадат неколку заедници (освен Бугарите и Црногорците и Хрватите) на веќе седумте кои се споменати во Уставот. Нашиот концепт на Уставот е таков што дозволува вакви промени, продолжи Маричиќ, потсетувајќи дека е така веќе 20 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…