Утре првиот состанок на работните групи со Бугарија

t

​Една недела по меѓувладината седница во Софија, бугарскиот тим за економија, трговија и иновации доаѓа во Скопје. Утре и задутре министрите Бесими, Битиќи, Бектеши и Николовски ќе бидат домаќини на првиот состанок со нивните колеги копретседавачи, на чело со бугарскиот министер за иновации Даниел Лорер. Работната група ќе ги разледа можностите за привлекувањето инвестиции, финансирањето на проекти, зголемување на трговската размена меѓу двете земји- информираат од Министерството за финансии. Политичките аналитичари велат дека интензивната соработка на повеќе полиња и на највисоко ниво е за поздравување, но оценуваат дека не е гаранција оти Бугарија наскоро ќе го повлече ветото на евроинтеграциите како резултат на новиот пристап на Ковачевски и Петков.

-Тоа не значи дека политичките и историските прашања ќе исчезнат. Другите работи може да течат супер, но додека другите работи не ги решиме имам впечаток дека Бугарија нема суштински да ја смени таа позиција. Така што оваа соработка е за поздравување, но не значи дека претходните прашања ќе ги снема, вели Петар Арсовски.

-Дека овие средби ќе донесат некаква соработка економска, културна, спортска итн, да, но засега нема никаков сигнал од Софија дека овој тип на соработка може да ја крене брзо рампата. Дури мислам имаме од таму сигнал дека до крајот на француското претседателство нема ништо да се промени во бугарскиот став, вели Зоран Иванов.

Во меѓувреме, на политичко ниво се испраќаат и пораки за почувствителните прашања. За приемот на претставници од здружението ОМО Илинден на Вила Водно, вчера бугарското МНР изрази загриженост. За Арсовски и Иванов нема ништо спорно во средбата меѓу претседателот Пендаровски и Македонци од Бугарија, особено во период кога соседите ги потенцираат човековите права.

-Кога станува збор за граѓански, човекови права, тоа се европски доктрини и тие не може да се сведат само на релација Скопје-Софија, туку и Брисел ќе почне да шушка околу тие прашања, околу правата на Македонците во Бугарија. Без оглед на уставното уредување на Бугарија, дека тие преку Устав не признаваат малцинства итн. Така што водата сепак тече накај нашата воденица, што се однесува за правата на Македонците таму, вели Зоран Иванов.

-Пендаровски не прави ништо поразлично од тоа што го прави Советот на Европа 14 пати по ред со ОМО Илинден. Не може бугарското МНР да му се налути и на Советот зашто ги прима и носи пресуди во нивна полза. Сепак овие потези ја нервираат Бугарија во моментов бидејќи сме во истата фаза на сензибилизација и тие кон нас и ние кон нив, вели Петар Арсовски.

Од друга страна, македонската Влада се согласува да се впише бугарско малцинство во Уставот на Македонија, но пред самиот влез во Европската Унија. За уставни измени е потребно двотретинско мнозинство во Собрание, а за оваа тема најверојатно ќе се разговара и наскоро на лидерската средба меѓу Ковачевски и Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски медиуми: Хилари Клинтон е во посета…

Хилари Клинтон е во посета на Бугарија,…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

КИРИЛ ПЕТКОВ ПОВРЕДЕН ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА…

Кирил Петков, поранешниот премиер на Бугарија имал…

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Чернева: Тешко дека Македонија ќе почне преговори…

Директорка на канцеларијата на Европскиот совет за…