Утре средба Влада – УПОЗ, Мицкоски: За да нема какофонија при исплата на плати, нудиме +40%

t

Какофонијата во зголемување на платите во јавниот сектор, пред сè за вработените во управата и правосудните органи, ќе се регулира ако се прифати формулата на владата со која во наредните три години платата за околу 7.700 работници би се зголемила за 40 насто. Ова е ставот на премиерот Христијан Мицкоски пред утрешната средба на претставници на Владата и на Синдикатот на УПОЗ (Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ). Мицкоски вели дека ставот на владата е да се замрзнат дел од општиот колективен договор кој е истечен, но се применува сè додека не се договори нов.

„Бидејќи постојат неколку документи коишто ја дефинираат платата и коишто можат да се толкуваат вака или така, ние сакаме да имаме униформиран образец по којшто ќе се исплаќа платата за вработените во администрацијата и велиме делот, членот на плата, односно три члена се каде што се дефинира во Општиот колективен договор којшто е истечен, платата, да го суспендираме и во периодот додека важи овој договор што сега ќе го постигнеме, да испреговараме нов Општ колективен договор“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски вели верува дека за три години ќе се договорат за нов Општ колективен договор, а до тогаш да важи владината формула. Премиерот ја искористи можноста повторно синдикалното барање да го препише на политички игри и дека дел од раководството на ССМ е во политичка прегратка со СДСМ.

„Ние имаме формула којашто од првиот ден ја предлагаме. Но, инсистираме, кога ќе ја договориме таа формула, тоа да биде конечна формула по којашто ќе се исплаќа платата на вработените во администрацијата. Од друга страна, делот на Раководството на Сојузот на синдикати на Македонија се повикува на Општиот колективен договор, којшто ова раководство го има потпишано со претходната Влада“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Од УПОЗ велат дека денеска го подготвуваат својот став за утрешната средба со владата. Од таму велат дека утре ќе видат дали предлогот ќе биде за 7.700 вработени или за поголем број. Од Синдикатот велат дека тие имаат свое барање и дека сакаат за него да разговараат, а тоа се додатоците на плата во висина од 30 насто.

„Мислам дека е многу јасно, ова е наше барање, барање на синдикатот на УПОЗ од 2025 година, исто ова време кога протестиравме, чекаме само премиерот да видиме дали ќе го прифати нашето барање“, изјави Трпе Деановски, претседател на УПОЗ.

Формулата на владата пак предвидува во наредните три години на платата на работникот да се додаваат по 1.500 денари и секоја година овој збир да се зголемува за осум насто со што ако сега платата е 35.000 денари, за три години би била околу 50 илјади или за 40 насто повисока од сега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре средба Влада – УПОЗ, Мицкоски: За…

Какофонијата во зголемување на платите во јавниот…

(Видео) Српскиот министер Селаковиќ пречекан пред судот…

Студенти и граѓани се собраа пред Специјалниот…

Аларм за егзистенцијално прашање за државата –…

Последните јавни контрадикции меѓу премиерот и неговите…

Занаетчиите се против минимална плата од 600…

Ако минималната плата се зголеми на 600…

Гордана Сиљановска-Давкова: Македонското население до 2070 година…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на…