Утрово по две години се вратија учениците во Горната Гимназија во Битола

По две години учениците се вратија во клупите на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола, по паузата поради изведување на наставата во далечинина поради ковид-19 кризата, а првото полугоди поради изведување на реконзтрукцијата.
Вчера од гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола информираа дела по извршениот увид од страна на Комисијата од Министерството за транспорт и врски, добија дозвола за употреба на училиштниот објект. Со тоа се исполнети условите за почеток на настава со физичко присуство, со што, од денес се започнува со настава.
Гимназијалците според распоредот од I и III година претпладневна смена ја започнаа во 7,15 а II и IV год. попладневна смена ќе ја започнат во 13:15 часот.
Сите ученици да бидат во училиштето, најмалку 15 мин. пред почетокот на наставата, со почитување на протоколите за изведување на настава со физичко присуство, како би се однесувале одговорно кон своето и здравјето на другите, стои во информацијата. – Пишува Битола Њуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…
*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…
(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…
500.000 евра чинела патеката која се сопнува…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…
Внука се обидела да ги убие сопствените…
Двајца ученици со потекло од БиХ се…
Утрово во училиште во австрискиот град Грац…