Уште два часа до гласањето за Владата на Ковачевски

Во Собранието на Македонија во тек е вториот ден од дискусиите за новата Влада. Во моментов пратениците се на пауза, при што претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се консултира со координаторите на пратеничките групи за текот на последното продолжение на оваа седница, кое треба да заврши со завршните зборови на премиерот.
„Најавувам половина час пауза и ги поканувам координаторите на пратеничките групи на консултации. Со ова, по паузата да ја затвориме дискусијата за предметното прашање. Половина час пауза“, рече Џафери.
Според Деловникот на Собранието, расправата за програмата и за составот на владата се одвива два дена.
Седницата почна вчера, додека гласањето на новата Влада мора да се одржи пред полноќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прославата на Ковачевски за една година Влада…
Граѓаните од државниот буџет за дводневната конференција…
ДОБРИ ВЕСТИ: Направена е нарачка за лекот…
Лекот „трикафта“ за болните од цистична фиброза…
Пешевски: И тоа како сметам дека кај…
Адвокатот Драган Пешевски смета дека кај пратениците…
Кој сака да остави фотелја: Алтернатива нема…
Партијата Алтернатива засега не планира да ја…
Стотици животи на болните од рак зависат…
Акцелераторот за зрачење на болните од рак…