Уште не е исплатено породилно за јуни, од Фондот велат дека исплатата е регуларна, дури и рекордна

t

Уште не е исплатено породилно за јуни, реагираат приматели на надоместокот за породилно отсуство. До Инфомакс беа испратени низа на пораки каде родители се жалат дека на крај на јули се уште не е исплатено породилното за јуни.

– Би ве замолил доколку е можно да објавите информација за доцнењето на исплатата на породилното отсуство. Денес е 28-ми (јули), а сè уште не е исплатен надоместокот за месец јуни. Навистина е разочарувачки што се доцни со исплати кои се наменети за семејства со мали деца и бебиња. Голем број родители живеат со една плата и зависат од овие средства за да купат млеко, пелени и други неопходни работи за своите деца. – стои во пораките кои ги добивме.

Од Фондот велат дека исплатата е регуларна.

– Во врска со Вашите прашања, Ве информираме дека нема застој во исплатата на надоместоците за породилно отсуство.
По исполнување на законските услови за првата исплата, надоместоците за секој нареден месец се исплаќаат континуирано, по завршување на административната обработка, стручната контрола и одобрувањето на предметите од страна на надлежните служби на Фондот. Станува збор за редовна постапка која претходи на секоја исплата и не претставува застој во исплатата.
Во прилог на ова говори и фактот дека заклучно со 28 јули 2026 година, иако месецот сe уште не е завршен, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони денари по основ на надоместоци за боледување, од кои 420,3 милиони денари се однесуваат на надоместоци за породилно отсуство. Ова претставува највисок месечен износ исплатен за оваа намена досега.
Во однос на бројот на корисници, за месец јуни и за месец јули сe уште се вршат тековни обработки на предметите и усогласување на податоците, поради што конечниот број на корисници ќе биде познат по завршување на обработката на сите предмети за соодветниот месец, одговорија од ФЗОМ за Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште не е исплатено породилно за јуни,…

Уште не е исплатено породилно за јуни,…

Клековски: И починати имаат здравствено осигурување во…

Во евиденцијата на Фондот за здравство има…

Апасиев: Породилно нема, а вие слободно раѓајте…

Пратеникот Димитар Апасиев утрово на социјалните мрежи…

Фондот ќе ги покрива трошоците за генетски…

Фондот за здравствено осигурување и Природно-математичкиот факултет…

Нема доцнење од 30 дена за породилното,…

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ги демантира…