САД ги подгрева тензиите: Уште 3.000 американски вojници пристигнуваат во Полска

Шефот на Пентагон Џејн Остин одлучи САД следната недела да испратат уште 3.000 војници во Полска, изјави високиот претставник на Пентагон.
„Според наредбата на американскиот претседател, шефот на Пентагон донесе одлука да испрати уште 3.000 војници во Полска. Војниците ќе бидат распоредени од 82-та бригада на воздухопловната дивизија, а не од составот на американските единици во Европа“, изјави претставникот на Пентагон.
Американскиот функционер додаде дека овие сили ќе бидат испратени од базата Форт Брег во наредните денови.
Да потсетиме, американскиот претседател Џо Бајден му даде зелено светло на Пентагон да распореди дополнителни сили во Источна Европа како доказ за „поддршка на сојузниците на НАТО кои се чувствуваат загрозени од руските воени потези во близина на Украина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија изврши ракетен напад врз селото…
Украинските сили денеска извршија ракетен напад врз…
Мицкоски ќе оди во Вашингтон во време…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на 18…
Трамп: САД се катастрофа, „смешен случај“ во…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро ја…
Зеленски реагираше на потегот на Русија: „Еден…
Кога на Путин му беше доделено руското…
Специјален руски лет до Вашингтон
Специјалниот авион Ил-96 тргна од Москва во…