УЈП ќе ги даночи парите на студентите заработени преку „Work&Travel“

t

Повеќе студенти кои биле на студентска работа во Германија преку „Work&Travel“ програмата се соочуваат со известувања од Управата за јавни приходи да поднесат електронска даночна пријава (Е-ПДД) и да ги пријават своит приходи од остварената сума која веќе им е оданочена во Германија, а притоа и да платат данок за поврат на задржаниот данок кој го добиле од Германија, а бил трансфериран на македонска девизна сметка пренесува студентска организација „Студентарија МК“.

Студентите кои се обратиле до организација велат дека известувањата од УЈП им пристигнуваат по пошта и електронски пат, а засега најчесто ги добиваат оние кои по завршување на работата во Германија извршиле поврат на задржаниот данок на македонска девизна сметка. Студентите објаснуваат дека во Германија работодавците автоматски задржуваат данок од платата, по што работниците имаат право на поврат на дел или на целиот износ по завршување на ангажманот.

Според она што дел од нив ги споделиле, а кои произлегуваат од нивна комуникација со УЈП, покрај пријавување на приходот, се бара и плаќање данок од околу 10% на вратениот износ, а во некои случаи и дополнително оданочување на целата заработка остварена во Германија.

Иако Македонија и Германија имаат склучено Договор за избегнување на двојно оданочување, според кој истиот приход не треба да се оданочува двапати, односно данокот платен во една држава се зема предвид во другата. Во случајот со студентите, дополнителна дилема се отвора околу третманот на повратот на данок од Германија, кој УЈП го евидентира како прилив, иако станува збор за враќање на претходно задржани средства.

Од студентска организација наведуваат дека засега не е целосно јасно по кој основ се испраќаат овие барања, ниту зошто се применуваат различни толкувања во различни подрачни единици на УЈП. Поради тоа, тие испратиле прашања до институцијата со цел појаснување на постапката. Според досегашните информациите вакви известувања добиле исклучиво оние кои повратот на данок од Германија го примиле на сметка во Македонија.

Рокот за поднесување на даночни пријави е 31 март (утре). Во меѓувреме, студентите реагираат со недоумица и револт, посочувајќи дека немаат јасни насоки и дека добиваат различни информации од надлежните институции, што дополнително ја усложнува ситуацијата. Претходно УЈП соопшти дека ќе ги даночи странските исплати од 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЈП ќе ги даночи парите на студентите…

Повеќе студенти кои биле на студентска работа…

Трамп постави нов рок: Имаме една недела…

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наредните…

Милановиќ поради Вучиќ го откажа Процесот Брдо-Бриони:…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одлучи да го…

Косовската влада одобри испраќање војска во Газа

Владата на Косово го прифати предлогот на…

Трамп: Дојде до целосна промена на режимот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…