Факултети.мк: Едон Реџепи дипломира со чиста десетка на Економскиот факултет во Скопје!
„Патот до просек 10,00 е исклучително предизвикувачки и не се сведува само на интензивно учење пред испитите, туку бара континуирана работа и дисциплина во текот на целата академска година“, вели Едон Реџепи, најдобриот студент на Економскиот факултет, отсек Финансии, кој дипломира со совршен просек и доби признание за најдобар студент на генерацијата 2022-2026.
Реџепи во разговор за Факултети.мк го раскажа своето искуство на Економскиот факултет.
– Да се биде прогласен за најдобар студент во генерацијата на Економскиот факултет, претставува огромна чест и признание за целиот вложен труд, посветеност и истрајност. Тоа е чувство исполнето со гордост, но воедно носи и голема одговорност. Потребно е добро управување со времето, подготвеност за одредени жртви во приватниот и социјалниот живот, како и способност да се издржи постојаниот ментален притисок. Најголемиот предизвик не е совладувањето на материјалот, туку одржувањето на истото високо ниво на посветеност и квалитет кај секој предмет. Во текот на студирањето ја чувствував и довербата и очекувањата од моето семејство, пријателите, колегите и професорите. Нивната поддршка беше силен мотив да продолжам напред, а искрено се надевам дека со постигнатите резултати ги оправдав нивните очекувања – вели Реџепи.
Интересот за економијата, банкарството и финансиските пазари кај Едон се јавил во средно училиште кога се зголемила љубопитноста да разбере како функционираат парите, како се носат финансиските одлуки и како тие влијаат врз секојдневниот живот, без разлика дали станува збор за поединци, компании или држави.
– Финансиите се присутни во секој аспект од животот и токму тоа ми создаде желба подлабоко да ја разберам нивната улога и значење. Изборот да студирам на Економскиот факултет беше сосема природен чекор. Верувам дека интересот кон оваа област делумно беше формиран уште од најрана возраст, имајќи предвид дека моите родители работат во сфера поврзана со економијата. Домашните разговори често беа поврзани со нивната професија, па уште тогаш почнав да се запознавам со оваа област. Сепак, со текот на студиите сфатив дека најмногу ме привлекуваат финансиите. Токму тие претставуваат спој на аналитичко размислување, математичка логика и разбирање на човечкото однесување. Нивната динамика, потребата од аналитичко размислување и постојаните промени ги направија област во која се пронајдов и во која би сакал професионално да се развивам – раскажува Едон.
Целиот текст прочитајте го на Факултети.мк