Фамилија директори: Сопругата на вмровскиот кандидат за градоначалник и директор на Булмак назначена за раководител на Агенцијата за пошти
Марина Тоневска, сопругата на Тони Тоневски, кој лани во октомври стана директор на рудникот „Булмак 2016“, е назначена за нов раководител на Агенцијата за пошти, тело кое го регулира работењето на АД Пошта, како и на другите поштенски оператори во земјата.
Тоневска од Пробиштип е назначена за директорка на ова регулаторно тело на местото на Сретен Миладиноски, кадар на претходната власт.
Тони Тоневски инаку е актуелен кандидат за градоначалник на Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ, но и поранешен градоначалник на Пробиштип во два мандати, во кои има низа скандали поврзани со неговото работење, меѓу кои и претворањето на киното во кујна.
Политичката партија Левица пред неколку денови алармираше за сериозен случај на злоупотреба на државни средства и етничка манипулација во општина Пробиштип, поврзана со програмите за вработување и социјална инклузија. Станува збор за класичен пример на организиран предизборен поткуп и фиктивни вработувања, кои директно го оштетуваат државниот буџет и го нарушуваат интегритетот на јавните институции!
– Главна фигура во овој скандал е Илија Петковски – Џани, поранешен и актуелен раководител на подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување во Пробиштип, кадар на СДСМ, кој сега преку коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повторно е дел од раководството.
Само на последниот јавен повик за вработување по основ „Невработени Роми” се вработиле 40 лица регистрирани како Роми, иако според пописот од 2021 година, во Пробиштип живеат вкупно 104 припадници на ромската заедница.
Тоа значи дека со еден повик, Џани „вработил“ 40% од целото ромско население во општината – бројка што е очигледно нереална и алармантно сомнителна!
Дополнително, според анализата на имињата и презимињата на добитниците на позициите, не станува збор за припадници на ромската заедница, туку за Македонци кои се лажно регистрирани како Роми за да добијат наводна „социјална помош“.
Ова е само последен во низата случаи што укажуваат на систематско трошење на народни пари за партиски цели. Според нашите информации, во последните 2-3 години преку овие злоупотреби се извлечени над 300.000 евра од буџетот! – велат од партијата.




Тоневски моментално е раководител на рудникот за олово и цинк од Пробиштип и Крива Паланка, кој ги има рудниците Злетово и Тораница, каде пред неколку месеци се случи невидена еколошка катастрофа откако јаловина од Тораница се излеа во Крива Река.
Рудникот инаку работи значително полошо од претходно, а според информации од вработени во рудникот, се отпуштаат и работници со цел да се покријат загубите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фамилија директори: Сопругата на вмровскиот кандидат за…
Марина Тоневска, сопругата на Тони Тоневски, кој…
Работник повреден во рудник во Пробиштип!
Денеска (06.06.2025) во 02.50 часот во ОВР…
16-годишно девојче од Пробиштип со нож го…
МВР информира дека вчера во ОВР Пробиштип…
Шапиќ: Белград ќе изгради три градски марини!
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, денеска најави…
Пронајдена стара бомба во близина на фабрика…
РЦУК Штип известува, дека во период од…