Фатиме Фетаи за Палермо летна на 22, а плати на 28 март

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи вчера ги покажа уплатниците за платените аранжмани преку туристичката агенција „Гуливер“ за следење на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација. На двете уплатници стои датумот 28 март, а репрезентативците за Палермо летнаа на 22 март, а за Порто на 27 март. Министерот за правда Никола Тупанчески, иако вети, вчера не покажа никаква уплатница за покривање на трошоците за престојот во Палермо од приватната трансакциска сметка, пренесува МКД.мк
Присуството во авионот за чартер-летот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за натпреварот на македонската фудбалска репрезентација со Италија во Палермо (24 март) на неколкумина актуелни и поранешни функционери отвори бројни морални прашања. Откако се објави фотографијата како од ложата за ВИП гости од стадионот во Палермо навиваат вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи, Никола Тупанчески, министерот за правда и Лазар Нанев, претседател на Општинскиот суд во Кавадарци се постави прашањето на чиј трошок биле таму. МКД.мк објави дека во авионот со македонските репрезентативци патувале и Рамиз Меко, градоначалникот на Струга, Никола Бакрачевски, поранешен градоначалник на Охрид и член на Етичкиот одбор на ФФМ и Владо Бучковски, поранешен македонски премиер, со двајцата синови.
Освен тоа ФФМ објави дека авионот бил платен од федерацијата, а билетите за ВИП ложата на стадионот во Палермо биле гратис.
Извор: МКД.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„YouTube“ воведува нова функција: Ова ќе израдува…
„YouTube“ воведува нова функција наречена „Play Something“…
Што предвидел Нострадамус за 2025 година?
Францускиот астролог, роден како Мишел де Нострадам,…
Масовна тепачка на дочекот на кој настапи…
За време на новогодишната ноќ, Белград беше…
,,Курск е многу силен адут во какви…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оцени операцијата…
Тајландскaтa премиерка пријави имот од над 400…
Тајландската премиерка Петонгтарн Шинаватра пријави имот во…