Фетаи: Со тоа што ги бодрам нашите фудбалери не ги прекршувам ниту законите ниту етичкиот кодекс на обвинителите
Во изјава за А1он обвинителката Фатиме Фетаи нагласува дека со патувањето во Палермо каде од трибините ги бодрела нашите фудбалски репрезентативци, таа не ги прекршила ниту законите, ниту етичкиот кодекс на обвинителите. На прашањето зошто ѝ платила на туристичката агенција речиси една недела по натпреварот, Фетаи вели дека платила во рокот даден со фактурата.
Во меѓувреме јавноста се посомнева дека не биле на свој трошок во Палермо обвинителката Фетаи, министерот за правда Никола Тупанчевски и претседателот на судот во Кавадарци Лазар Нанев.
Вчера МКД.мк објави дека Тупанчевски, Фетаи, Нанев, но и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, поранешниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески и поранешниот премиер Владо Бучковски, сепак на фудбалскиот натпревар во Палермо летале гратис, односно на трошок на Фудбалската федерација, а дека гратис биле и влезниците во ложата на стадионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Последни пратенички прашања за годинава
Собранието денеска ќе ја одржи 26. седница,…
Кочоска: Се прекинуваат неколку наследени проекти
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вечерва…
Во затвор во Мозамбик 33 мртви и…
Во бунт во затвор во главниот град…
Бајден побара продолжување на испораката на оружје…
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…