Фејк њуз: Директорот на ЈСП не поднесе оставка!

t

Порталот СДК утринава со јавноста сподели лажна вест за В.Д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, Иван Илиевски.

Од „Сакам да кажам“ тврдат дека Илиевски поднел оставка од функцијата.


-Директорот на ЈСП „Скопје“ Иван Илиевски си поднесе оставка од функцијата, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Илиевски кој е на функцијата в.д. директор само 5 месеци вчера ја доставил својата оставка до градоначалничката Данела Арсовска, пишува порталот.

Но сепак како што дознава Инфомакс не се работи за оставка на Илиевски туку за завршување на неговиот мандат во времетраење од шест месеци како вршител на должност на позицијата директор во ЈСП.

Користејќи се со спин на реалната ситуација порталот се обидува да создаде слика со која ќе се прикаже дека постои некаков конфликт во тимот на градоначалничката Данела Арсовска.

Сепак мора да се истакне дека прептријатието успешно го предвиденото во програмата на Арсовска.

Арсовска заедно со нејзиниот тим за шест месеци го врати бесплатниот превоз за пензионери и ученици, успешно ја рехабилитираше жичарата кон Водно која речиси половина мандатна Петре Шилегов беше надвор од функција, воведе специјална евтина и економична дневна карта.

Покрај спроведеното ЈСП во првиот квартал од 2022 година после долго време бележи позитива, односно околу 50 милиони денари плус има на сметката на претпријатието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засега нема нови Ковид мерки, иако се…

Засега не се планираат нови мерки за…

Околу 500 шверцери се подготвувале да провоцираат…

Инфомакс неофицијлано дознава дека околу 500-тини припадници…

Таравари, царе, може да извадиш мапа каде…

Арбен Таравари денеска предизвика лавина реакции на…

Левица: Оставка од Спасовски и Османи заради…

Политичката партија Левица повторно ги повика граѓаните…

Трагедија на сточен пазар: Бик усмрти човек…

Денеска (7 јули) во 9 часот во…