Фејсбук сака да го пропадне ТикТок: Воведува „Reels“ на глобално ниво

t

Фејсбук ја воведе својата функција за создавање кратки видеа -„Reels“ на глобално ниво, соопштија од компанијата Мета. Ова е потег да го прошири својот најбрзо растечки формат на содржина по написите дека бројот на корисници е намален, пишува Гардијан.

Гигантот на социјалните мрежи, кој неодамна најави масовно пренасочување кон производите за виртуелна реалност, изгуби третина од својата пазарна вредност по лошиот извештај за заработката во февруари. По ова, компанијата ги истакна „Reels“ како клучен приоритет за помладите корисници.


Фокусот на „Reels“ доаѓа бидејќи помладите корисници се собраа во голем број на ривалски платформи како ТикТок. Внатрешното истражување на Мета, објавено од поранешната вработена и „свиркач“ Френсис Хауген, покажа дека младите корисници се во опаѓање од 2012 година и „само корисниците на возраст од 25 години и повеќе ја зголемуваат употребата на Фејсбук“.

„Reels“ опцијата веќе беше достапна во САД и на други места, но сега ќе се прошири во вкупно 150 земји и ќе биде поизразена на апликациите Фејсбук и Инстаграм. Алатката за видео, исто така, ќе понуди повеќе функции за уредување и споделување, вклучително и дозволување на корисниците да ги „ремиксираат“ видеата на другите за да додадат свој коментар.

Мета ја воведе опцијата за „Reels“ на Инстаграм во 2020 година и на Фејсбук во 2021 година како одговор на масовно популарната апликација за кратко видео ТикТок, која е во сопственост на кинескиот технолошки гигант БајтДенс.

Сепак, функцијата која речиси е копија на ривалската платформа, предизвика критики и обвинувања за антиконкурентно однесување, бидејќи Фејсбук има историја на позајмување клучни карактеристики на своите најголеми ривали.

„Reels е веќе нашиот најбрзо растечки формат на содржина досега, а денес го правиме достапен за сите на Фејсбук на глобално ниво“, напиша вчера извршниот директор на Мета, Марк Закерберг во објава на Фејсбук.

Компанијата, која вели дека видеото сега сочинува половина од времето што луѓето го поминуваат на Фејсбук, најави и нови начини за креаторите да заработат преку функцијата „Reels“.

Оттаму велат дека ја прошируваат својата програма за да дава бонуси на креаторите во повеќе земји и дека тестира реклами со преклопување со помош на банери и налепници за креаторите да заработат приходи од реклами. Наскоро ќе воведе и реклами на цел екран помеѓу „Reels“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внимавајте што пишувате: Скопјанец доби кривична пријава…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(23)…

Хакерски напад на воените Фејсбук профили во…

Хакери упаднаа во воените фејсбук-профили на Украина…

Професорка на Тетовскиот универзитет му се заканлувала…

Студентите од Факултетот за уметности при Државниот…

0,019% Бугари во Македонија – Не во…

Битолчанецот Божидар Божиновски на Фејсбук ги коментираше…

Мета потврди: Ќе се дозволува говор на…

Мета ги приспособи своите насоки за говорот…