Филипче: Владата раскажува бајки, граѓаните плаќаат со празни фрижидери
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека граѓани директно ги чувствуваат последиците од бајките на Христијан Мицкоски.
-Граѓаните скапо ги плаќаат бајките и неспособноста на премиерот Мицкоски. Ги плаќаат со празни џебови и со празни фрижидери – истакна Филипче.
Тој нагласи дека СДСМ навремено предупредуваше и нудеше конкретни решенија за справување со кризата, но Владата не презела ништо.
-Баравме и предупредувавме дека се потребни конкретни мерки за помош на граѓаните. Уште пред скоро два месеци, кога започна кризата на Блискиот Исток, премиерот и Владата не презедоа буквално ништо.
СДСМ понуди решенија, намалување на ДДВ-то на горивата на 5%, на основните прехранбени производи ДДВ-то да се намали на 0%, намалување на акцизите за 4 денари и преполовување на цената на патарините. Со овие мерки граѓаните навистина ќе имаа бенефит и ќе се почувствуваше на семејниот буџет – рече Филипче.
Тој обвини дека Владата ги одбила овие предлози, а потоа делумно и задоцнето вовела мерки кои сега повторно ги укинува.
-За жал, премиерот и неговата тендер-коалиција сите наши предлог-закони ги одбија. Дел од мерките ги воведоа делумно, а сега и тие се прекинуваат. Предоцна е, затоа што цените на сè во државата веќе се зголемија – рече Филипче.
Тој потенцираше дека реалноста ги демантира тврдењата на Владата.
-Мицкоски сè уште раскажува бајки дека сме трета економија во Европа. Дали граѓаните го чувствуваат тоа кога ќе влезат во продавница? Дали го чувствуваат кога ги плаќаат сметките? Одговорот е – не. Граѓаните живеат многу полошо.
Странските инвестиции се намалени за 60%. Компании затвораат и отпуштаат работници. Во изминатите година и пол се отпуштени 1.500 работници. Дупката во буџетот расте, а државата должи 160 милиони евра за поврат на ДДВ кон компаниите – рече Филипче.
Дополнително, тој нагласи дека цените на основните производи се драстично зголемени.
-Лебот, брашното, шеќерот, солта, месото, млечните производи, овошјето и зеленчукот – сè е поскапено од 5 до 300%. Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден.
Зборуваме за економија што тоне, за тежок секојдневен живот на граѓаните, за цени во продавниците кои веќе пораснаа без никаква контрола, за најниски плати во Европа, за најнизок стандард и за млади кои заминуваат од земјава – потенцираше Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…
„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…
Филипче: За прв пат после 50 години…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…
Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…
Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…
„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…