Филипче: Власта намерно го блокира европскиот пат поради сопствени бизнис интереси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека актуелната власт свесно го кочи европскиот пат на државата, не заради заштита на националните интереси, туку поради сопствени бизнис калкулации.
Во интервјуто во емисијата „Тема на ден“ на телевизија Сител, Филипче истакна дека аргументите за наводна загрозеност на националните интереси се само изговор.
„Тоа е една голема лага. Националните интереси ниту се загрозени со нешто што претходната влада направила, ниту се загрозени со тоа што ќе треба да се стават Бугарите и Хрватите во Уставот. Како ќе бидат загрозени националните интереси? Единствено нешто што ќе биде загрозено се бизнис-интересите на власта кои што ќе бидат под мониторинг на Европското обвинителство. Затоа тие не сакаат, напред, да не се лажеме“, порача Филипче.
Тој нагласи дека цената на застојот во евроинтегративниот процес веќе ја плаќаат граѓаните. Според него, државата се соочува со сериозни последици поради блокадата на процесот на пристапување во Европска Унија.
„Ние во овој момент најмногу страдаме, никој друг не страда. Страдаат државата, страдаат граѓаните, страдаат младите. Ние сме сега граѓани од втор или трет ред. Немаме пристап до единствениот европски пазар“, изјави Филипче. Во однос на најавите за можни алтернативни модели на интеграција, претседателот на СДСМ беше категоричен дека таква опција не постои. Тој посочи дека и ставовите на европските претставници се јасни – единствениот пат е полноправно членство во ЕУ. Филипче предупреди дека земјата ризикува да остане изолирана од следниот бран на проширување доколку не се преземат потребните чекори. Како пример ја посочи Црна Гора, за која, според него, веќе се подготвува договорот за пристап, како и Албанија, која исто така напредува во процесот. „2027 година договорот за пристап на Црна Гора веќе се пишува. Црна Гора ќе стане земја членка на ЕУ, ќе стане и Албанија… Многу сериозна е работата, сега е една раскрсница“, потенцираше Филипче.
Од СДСМ остануваат на ставот дека европската интеграција нема алтернатива и дека секое одложување претставува директна штета за граѓаните, економијата и иднината на младите, додека, како што наведуваат, единствено што се штити се теснопартиските и бизнис интереси на актуелната власт.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Власта намерно го блокира европскиот пат…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека…
Мицкоски: Филипче е исплашен од тоа што…
„Јас и македонската јавност ќе го држи…
(Видео) Телма стигна до ТикТок профилот на…
Телма дојде до профилот на осомничениот сериски…
Телевизија 24: Груби бил под закана од…
Три службени белешки кои по автоматизам од…
Мицкоски: Кон ЕУ нема да водиме “мекотелна…
И по 2028 ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери…