Филипче: Денеска упатувам писмо до ЕУ за стратешката саботажа на македонската интеграција

t

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, информираше дека денеска официјално упатува писмо до европските институции и меѓународните партнери поради, како што рече, системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија и стратешката саботажа на македонската интеграција.

„Ние спремивме писмо официјално, јас денеска сакам да ги известам сите евроамбасадори во земјава, високите функционери на Европската унија, Европската комисија, Советот и на НАТО врска со системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија благодарение на изјавите и најавите на премиерот Христијан Мицкоски“, истакна Филипче.

„Ова е намерен обид да се онеспособен од остварувањето на стратешката цел за интеграција додека истовремено се саботира и фундаменталниот интерес за евроатланска заедница за брза интеграција Северна Македонија во Европската унија.“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ дека актуелната власт свесно ја оттурнува државата од ЕУ и ја носи во изолација, а членството е суштински дел од македонскиот национален интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Денеска упатувам писмо до ЕУ за…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, информираше дека…

По 10 години се ажурира листата на…

Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…

Трамп: Иран само што побара прекин на…

Претседателот Трамп изјави дека Иран „само што…

57-годишен маж му се заканувал на градоначалникот…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе…

Нов заем на Европската комисија од 90…

Европската комисија презеде подготвителни чекори за спроведување…