Филипче за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО-ДПМНЕ, веројатно во контекст на којшто тие го прават тоа
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма, отворено говореше за личните мотиви да остане во државата, политичките напади за неговиот професионален ангажман и одлуката да ја замени неврохирургијата со политика.
Филипче призна дека како и многу други граѓани кои престојувале во странство, и тој во одредени моменти размислувал трајно да ја напушти Македонија, но превладала емотивната поврзаност со татковината.
„Секогаш ми било полесно оттука да мечтаам за негде надвор, отколку кога сум бил надвор да мечтаам за тоа тука. Ние тука созреавме и пораснавме“, истакна Филипче, објаснувајќи го разочарувањето со кое често се соочуваат оние кои се враќаат дома.
На прашањето за обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека побарал „Златна виза“ во Дубаи заради работен ангажман, Филипче ги отфрли ваквите тврдења како политичка манипулација.
„Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО, веројатно во контекст на којшто тие го прават тоа. Но сакам да кажам, тоа е на ниво на развој на мојата кариера кога јас веќе можам да бирам“, изјави тој, додавајќи дека неговото искуство во Америка и Европа му овозможува професионални опции насекаде низ светот.
За неговата професионална кариера како неврохирург, на прашањето зошто човек со такви врвни референци и талент би избрал да влезе во политиката – терен каде успехот не зависи само од поединецот и каде често се лепат „сомнителни ситуации“, Филипче одговори со дефанзива на својот интегритет и досегашната работа.
„Гледајте, ако јас сум работел нечесно, ако јас сум работел коруптивно, ако сум правел некаков криминал, верувајте дека досега, со оваа нова власт, ќе имаше барем една пријава или некаков процес против мене.“
Со оваа изјава Филипче сакаше да истакне дека и покрај сите политички обвинувања од неговите опоненти, досега не се покренати правни постапки кои би ја докажале неговата вмешаност во нелегални активности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето…
Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа…
Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати,…
Беснеат пожари низ Грција: Зафатени се куќи…
Најмалку четири куќи и две деловни згради…
Ѓорческа по историскиот успех: Можеби доаѓам од…
Лина Ѓорческа го постигна најголемиот успех на…
Австралиската полиција почнува нова истрага за смртта…
Австралиската полиција ќе ги преиспита околностите околу…