Филипче за рудникот: Добро е ако се слушаат премиерот и градоначалникот, но клучен е ставот на жителите на Крива Паланка

t

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, денеска во одговор на новинарско прашање во врска со најавите за рудникот за антимон во кривопаланечкиот регион Луке и можноста за референдум во Крива Паланка, истакна дека клучно е да се слушне ставот на граѓаните.

„Ако се слушаат премиерот и градоначалникот, како што кажуваат, добро е да се слушаат, да комуницираат, затоа што е добро да соработува централната со локалната власт. Меѓутоа, многу е важно, дали тоа е врз основа на тоа што го кажуваат граѓаните во Крива Паланка. Ако тоа граѓаните на Крива Паланка и регионот го одобруваат, нема проблем. Но, ако не го одобруваат, тогаш јас и СДСМ застануваме на страна на граѓаните“, рече Филипче.

На прашањето дали ќе започне постапка за собирање потписи, Филипче одговори дека тоа ќе зависи од реакцијата и барањата на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…

„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…

Филипче: За прв пат после 50 години…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…

Шести април нов датум за реизбор на…

Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…

Кривата кула во Италија се соочува со…

Една од „кулите близначки“ на Болоња од…

Околу 50 се рудари затрупани во рудник…

Околу 50 рудари од синоќа се затрупани…