Филипче и Ахмети ко „раштиман оркестар“ за средбата во Мала Речица , Филипче тврди зборувале за Гостивар, Ахмети за евроинтеграциите
Венко Филипче и Али Али Ахмети ко раштиман оркестар во однос на официјалните теми за што било на маса на средбата во Мала Речица која лидерот СДСМ ја побарал од првиот интегративец ден пред лидерската на која домаќин беше Христијан Мицкоски, а која Филипче ја бојкотираше.
Според првиот опозиционер разговарале за соработка во Гостивар, според првиот интегративец за евроинтеграциите . Филипче на состанокот со лидерот на ДУИ тврди разговарале за новиот градоначалник на Гостивар Валбон Лимани, кој што впрочем е предлог на Арбен Таравари, но зад кој застана ДУи, а поддршка даде и СДСМ на дополнителните избори . Филипче тврди дека во Гостивар имало сериозни проблеми и реаорганизација отткако неговата поддршка му донела победа, иако кандидатот зад кој застана ја води општината од 2024 година. Првиот социјалдемократ не одговори директно и конкретно дали на Ахмети му понудл соработка в т.н евроспки опозициски фронт како што според патиски извори и во ДУИ и во СДСМ објави Тв 24 . Но порензираше дека после средбата со него Ахмети бил на средба со Мицкоски , а со тоа ја легитимирал криминалната власт на Мицкоски.
Венко Филипче – претседател на СДСМ
Со Али Ахмети, прво разговаравме во врска со локалната самоуправа во Гостивар. Таму заеднички го поддржавме кандидатот од Алијанса. Градот има сериозни проблеми, потреби имаат граѓаните соодветни, реорганизација во однос на тоа како ќе се постави градоначалникот сега откако оваа наша поддршка му донесе и на него победа тоа беше главната тема на разговор. БЛИЦ Ние немаме коалиција , после таа средба се случи лидерската средба , жалам што партиите што отидоа таму легитимираа една ваква власт.
За разлика од Филипче од Мала Речица за ТВ 24 велат дека на агендата на средбата која што лидерот на СДСМ ја потврди уште вчера за ТВ 24 клучни биле евроинтеграциите . А околу локалната соработка во Гостивар за која Филипче вели била клучна тема , од ДУИ само му порачуват на дека тоа ќе биде автономна одлука на локалните валсти во општината . и од Мала речица остана воздржани околу детали од разговорот и евентуланата понуда за соработка
ДУИ
– На средбата се зборуваше за евроинтегративниот процес. Што се однесува за соработката на локално ниво, тоа останува како автономна одлука на локалните власти да одлучат за истата.
ТВ 24 вечра објави дека според неофицијалните информации, на ден пред лидерската средба на Мицкоски, Филипче пред одлуката на Генералниот совет дека Ахмети треба да оди на лидерска бил во Мала Речица со предлог до Ахмети за опозициски европски фронт . Според информациите на ТВ 24 бојкотот на Филипче на лидерската средба бил ставен на амаса, но нема информации дали тој побарал од Ахмети поддршка.
Пред седницата на генералниот совет претседателот Али Ахмети се сретна со претседателот на СДСМ Венко Филипче на негово барање. На состанокот Филипче на претседателот му понудил соработка во “европски опозициски фронт“, вели за ТВ 24 висок функционер на ДУИ
Филипче само неколку денови по лидерската ги прозва ДУИ и ЛЕВица дека како што рече штом седнале на маса такви луѓе мислејчи на валста предводена од Мицкоски се договарале за свои работи и потенцираше дека според единствена опзиција бил тој и неговата партија . Остра реторика на релација СДСМ и ДУИ за време на локалните избори иамше лично од лидерот ан СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче и Ахмети ко „раштиман оркестар“ за…
Венко Филипче и Али Али Ахмети ко…
МЛЕКАРИТЕ КРЕНАА АЛАРМ: На пазарот влегува „вештачко…
Здружението на земјоделски производители – Млекарите на…
Данците испраќаат нови војници во Гренланд, и…
Данска одлучи да испрати нови војници во…
Унгарски МОЛ го презема српскиот НИС
Министерката за рударство и енергетика на Србија,…
Мерц вели дека сака да се сретне…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека ќе…