Филипче најави дека в четврток ќе ја презентираат драфт верзијата на Резолуцијата за заеднички став за црвените линии и преговорите со ЕУ
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска најави дека во четврток ќе биде објавена драфт верзијата на Резолуцијата за црвените линии и преговори со ЕУ која партијата ја подготвуваше изминатиот период, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
„Многу внимателно пристапивме кон овој процес. Темата е чувствителна и бараше консултации со бројни експерти од правото и меѓународното право. Во четврток ќе ја презентираме работната верзија – наш предлог, кој го ставаме на маса за сите политички партии и субјекти во Собранието,“ изјави Филипче.
Тој нагласи дека целта е да се постигне заеднички став за најважното државно прашање во моментов – европската перспектива на Македонија.
„Апелирам сите политички чинители да дадат свои мислења и предлози. Само со единство можеме да ги отвориме поглавјата, да го фатиме чекорот со Албанија и Црна Гора и да ја обезбедиме нашата европска иднина,“ рече лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче најави дека в четврток ќе ја…
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска…
Тасевски: Немаме ниту еден функционален радар на…
Ние немаме ниту еден функционален радар за…
Поради нерегуларности, привремено запира со работа приватниот…
Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување…
Мицкоски запрашан за коментар за Маршот на…
На последниот марш на ангелите во Кочани…
ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори…
Со судството и обвинителството во Македонија раководи…