Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче оценува дека Владата направила упад во пензискиот систем и со линераното зголемување на пензиите сериозно ги оштети пензионерите.
„Оваа власт направи таков упад направи во пензискиот систем, даде два пати линеарно покачување на пензиите и што постигна само ги украдоа пензионерите, затоа што зголемувањето на пензиите со системот кој што ние го поставивме ќе значеше многу повеќе пари сега. Сега ова зголемување немаше биде само 1.000 денари. Најмалото ќе беше околу 1.500-1.600 денари, а најголемото 3.500 денари“, рече Филипче во телевизиско гостување.
Филипче нагласува дека политиките кои што ги води власта се погубни за граѓаните и државата ја носат во бездна.
„Пари во буџетот нема, лошо се води државата, дефицитот расте, наплатите се страшно ниски и сметам дека државата оди и се води во бездна. Оваа власт не сака ниту државата да оди напред, ниту нешто добро да направат за граѓаните. Што кажува премиерот во време на оваа тешка криза, набљудуваме, ќе видиме како ќе биде – како независен аналитичар се однесува“, кажува лидерот на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…
„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…
Филипче: За прв пат после 50 години…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…
Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…
Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…
„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…