Филипче се правда: Не барал шофер и обезбедување, тајната служба проценила дека треба да има
Поранешниот министер за здравство Венко Филипче ќе има лично обезбедување и возач потврдуваат од МВР, но не заради закани и не на лично барање.
Филипче преку ТВ Телма ги негира наводите дека тој барал обезбедување и вели дека обезбедувањето му е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност, на уште шест месеци.
По направена безбедносна проценка, на доскорешниот министер за здравство, Венко Филипче, му е продолжено личното обезбедување за уште шест месеци, иако повеќе не е на функција.
Филипче и во Фокус, ги демантира информациите дека имал смртни закани.
– Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено според проценка на АНБ, изјавил Филипче за Фокус.
Екминистерот Филипче ќе има лично обезбедување иако веќе не е министер за здравство, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се наведува дека може да се определат мерки за обезбедување по престанокот на функцијата на членови на Владата и токму затоа Венко Филипче во моментов е обезбедуван од полицијата.
По четири години министерување Филипче ѝ се врати на професијата, а неговото министерско место го презеде стоматологот Беким Сали од Алтернатива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Скандалозна е одлуката на Антикорупциска за…
Скандалозна е одлуката на ДКСК во однос…
Христовски не се откажува: Останува во АНБ…
Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан…
(Документи) Фалинки или фалсификати во образованието на…
Во која нормална држава за директор на…
АНБ молчи додека проповедаат верски екстремисти поврзани…
Левица изразува сериозна загриженост за неодамнешниот безбедносен…
ДКСК се уште постапува по пријавите за…
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК)…