Филипче со честитка за Католички Божиќ: Да создадеме трајни вредности за идните генерации
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче по повод големиот празник, Христовото раѓање – Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.
„На сите припадници на Католичката црква и на сите христијани кои денеска го слават Христовото раѓање, им упатувам искрени честитки по повод големиот празник Божиќ.
Божиќ е празник на надежта, љубовта и заедништвото. Овој голем празник нè потсетува дека само со солидарност, меѓусебна почит и грижа едни за други можеме да изградиме поправедно и похумано општество, во кое секој граѓанин ќе има еднакви можности и сигурна иднина.
Во духот на Божиќните пораки, да се свртиме кон вистинските вредности кои нè обединуваат и ни даваат сила да ги надминеме сите предизвици. Да правиме добри дела кои ќе бидат патоказ за подобра иднина на следните генерации.Во овие божиќни денови посакувам добро здравје, мир и радост во секој дом. Нека Божиќ донесе нова надеж, нови почетоци и успеси за сите нас. Христос се роди, Честит Божиќ“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во честитката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…
„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…
Филипче: За прв пат после 50 години…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
(Видео) Филипче се збогyвaше од функциjaта –…
Досегашниот министер за здравство Венко Филипче во…
Филипче: Успешно извршена операција врз млада пациентка…
„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка,…