Објавено на:

Фон дер Лаен објави карта на Европа со Косово како дел од Србија

t

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен со честитката на Бугарија и Романија откако на 1 јануари станаа дел од Шенгенската зона, објави и снимка со карта на Европа, на која Косово е дел од Србија.

На мапата со сина боја се означени земјите кои му припаѓаат на Шенген зоната и со сива оние кои се надвор од неа, а Косово е вклучено во рамки на границите на Србија. Ова предизвика бурни коментари во косовските медиуми, по што постот беше избришан.

Клан Косова пишува дека по објавувањето на видеото профилот на Фон дер Лаен бил „опсипан со критики на Албанци и пријатели на Косово“. Истиот медиум пренесува реакција на германската политичарка Дорис Пак, односно дека таа ја прашува Фон дер Лаен: „А каде е државата Косово?“

„Оваа реакција, по сè изгледа, вроди со плод, бидејќи снимката на нејзиниот профил повеќе не постои“, пишува Клан Косова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…

Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…

„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…

Внимавајте: Можно е да има пороен дожд…

Времето денеска ќе биде сончево и топло…