(Фото+Видео) СНК Врело го одбележа денот на водата

t

Оваа година на светскиот на водите, 22ри Март 2022, СНК Врело зема активно учество и допринесе да се зголеми свеста во јавноста за значето на изворите на вода како големо природно богатство.

Светскиот ден на водите е меѓународен ден на кој во сите земји во светот, а во организација на Обединети Нации Светски Води, https://www.worldwaterday.org/ , секоја година со одредени активности се одбележува овој ден. 2022 е во знакот на подземните води, а со мотото Подземна вода – видливо од невидливото. Целите на оваа организација оваа година се како да се искористи подземната вода за секојдневна употреба, како да се заштитат околините каде има подземна вода од отпад и како да се промовираат подземните извори на вода кои се огромен природен потенцијал, најчесто неискористен, за местата каде има недостаток на вода за пиење.

Со оглед на фактот дека оваа година светскиот ден на водите е токму за подземни извори, а изворот Врело на Матка е местото кое СНК Врело најчесто го истражува како огромен природен подземен извор, СНК Врело зема активно учество во светскиот предизвик организиран од UN worl Water 2022, на следниот начин:

• На 17ти март нуркачите од Врело нуркаа во пештерата Врело на Матка и од изворот земаа примероци од вода, кои ги испратија на нострифицирана лабараториска анализа за билошки, хемиски и анализи за тешки метали

• Резултатите ќе бидат објавени и локално и во УН, со цел да се стави на знаење значајноста на овој природен подземен извор на вода за Скопје и околината

• Учеството го пријави со објава на видеото и презентацијата на УН, согласно насоките за сите учесници

Macedonia Vrelo #WorldWaterDay.mp4 from Slobodanka Jakimovska on Vimeo.

• На самиот ден на водите, денес, 22ри Март 2022, дополнително организираше настан кај изворот на Матка за своите членови, подржувачи и соработници со дополнителна еколошка акција на собирање отпад во околината на изворот со цел да, како и секоја година, ја зголеми свеста на јавноста околу важноста на заштитата на воедните површии од секаков отпад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Чудна светлина се појави над Белгород…

Над Белогорд се појави чудна светлина. На…

Белата куќа потврди: Бајден планира да се…

Белата куќа ја потврди намерата на американскиот…

Албански државјанин избоден во Кичево!

Вчера во 23.07 часот во ОВР Кичево…

Словенија дозволи склучување на истополови бракови и…

Словенечкиот парламент на денешната седница го усвои…