(Фото) Абдилаќим Адеми ги „спои“ Али Ахмети и „огнените“
Почитта кон поранешниот генерален секретар, Абдилаќим Адеми, ги „спои“ раскараните структури во ДУИ. Лидерот на партијата, Али Ахмети и групацијата која тој ја поддржува беше во друштво со „огнените“. Муса Џафери и Изет Меџити на комеморацијата по повод петгодишнината од смртта на нивниот партиски колега.
Иако е евидентно дека се заедно на поменот, на своите Фејсбук профили, Ахмети и Меџити објавија фотографии на кои го „игнорираат“ присуството на соперниците на гробиштата во Шемшево.
Забележливо е дека двете групации стојат на сосема различни страни. Нема информации дали се поздравиле, барем куртоазно, како што е вообичаено на вакви церемонии.

Претседателот на ДУИ, на својот Фејсбук профил изразува сочуство за својот пријател и како што вели „соговорник во политичко дејствување“.
„Денеска бевме со неговото почивалиште во Шемшево, заедно со неговото семејство, пријателите и соговорниците за да ги евоцираме спомените од оние години од животот што ги поминавме заедно со него, за неговиот неверојатен придонес. Абдилаќим за нас останува пример за благородништво, искреност и напорна работа во служба на доброто! Нека му биде незаборавен споменот!“, пишува Ахмети.
Актуелниот потпретседател на ДУИ, Изет Меџити на социјалните мрежи на потсетува на посветеноста на Адеми кон Демократската унија за интеграција укажувајќи дека тој и за идните генерации ќе остане симбол на добрина и великодушност.
Во чест на Адеми, пред неколку години ДУИ осниваше Аналитички истражувачки центар со неговото име. Тие се организатори на одбележувањето на петггодишнината од смртта на Адеми, за која на Тетовскиот универзитет беше промовирана неговата книга „Графен“ а попладне, во Албанскиот театар во Скопје ќе се одржи комеморативна Академија и промоција на документарен филм посветени нему.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…