(Фото) Арсовска заедно со народот во одбрана на македонските национални интереси

Пред околу половина час заврши протестот пред Владата на Република Македонија против францускиот предлог. Вечерва голем број на граѓани излегоа пред Владата на државата и јасно и гласно кажаа дека се против овој предлог кој е штетен за Македонија.
На протестот присуствуваше и Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Арсовска заедно со народот во одбрана на македонските национални интереси дојде и го поддржа овој настан организиран од македонските граѓани.
Скопје е град на слободата, солидарноста, соживотот и дал бројни жртви за новите генерации да живеат достоинствено во слободна Македонија.
Македонија има направено премногу компромиси да биде дел од семејството на ЕУ, таму каде што ѝ е местото.
Досега премногу отстапки се направени за да отпочнеме процес составен од 35 поглавја и уште толку препреки за приклучок кон ЕУ. Премногу често некој носи одлуки за иднината и одлучува за судбината на македонскиот народ спротивно на неговите интереси.
Затоа за македонскиот јазик, за идентитетот и за достоинството на македонскиот народ никогаш и под ниту еден услов не смее да се преговара.
Достоинството нема цена, а ако цената е по патот кон ЕУ е да се изгубиме себеси, губејќи сè врз што се темели Македонија како независна држава, тогаш таа цена е превисока.
Не може. Доста е.
ДА за ЕУ, НЕ за уцени, отстапки и компромиси за сметка на македонското достоинство!
Ако досега за сите држави, услов за приклучување кон ЕУ беа Копенхашките критериуми за функционална пазарна економија, стабилна демократија, владеење на правото и прифаќање на законодавството на ЕУ, како сега одеднаш единствено за Македонија се менуваат правилата сред игра и се вметнуваат билатерални спорови, нови формулации и услови кои досега не постоеле за никој друг?
Овој преседан ќе значи поинакви услови за отпочнување преговори од оние кои другите земји на ЕУ ги имале досега, што е спротивно на вредностите како еднаквост, владеење на правото, демократија, почит на човечкото достоинство и човечките права, врз кои се темели Европската Унија.
Македонија заслужува без уцени да пристапи кон преговори со ЕУ, под исти услови како сите останати држави и достоинствено да се движи на пат кон имплементација на реформите за подобра иднина!
Ништо друго освен истите услови под кои другите држави пред нас отпочнале преговори, не треба да се прифати, никакви отстапки повеќе не смее да се дозволат и во овој момент сите треба да бидеме обединети и да кажеме НЕ за овој недоличен предлог, пишува на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска коментирајќи го францускиот предлог!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…