(Фото) Арсовска: Продолжуваме со акцијата за обезбедување бесплатни оброци за социјално ранливите категории
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска заедно со волонтери на здружението “Љубезност”, Град Скопје и “РеТвитни оброк” подели оброци на лица од ранливи категории.
Арсовска истакна дека Градот ќе продолжи со акцијата за обезбедување оброци за жителите од социјално ранливи категории.
– Заедно со волонтерите на здружението Љубезност, Град Скопје и РеТвитни оброк продолжуваат континуирано со обезбедување оброци за бездомните лица.
Град Скопје како град на грижа и солидарност продолжува со акцијата за обезбедување оброци на своите жители од социјално ранливи категории. Средствата кои порано се трошеа на репрезентации и угостителски услуги, сега се наменети за помош на граѓаните во социјален ризик, напиша Арсовска на Фејсбук.
Претходно, во неколку наврати, Арсовска истакна дека средствата на граѓаните на Скопје биле злоупотребени. Тие средствата трошени за бифтеци и ручеци се пренаменети за оброци за лицата од социјален ризик, за бездомни лица.
Тоа се првично околу 30.000 евра, со кои се обезбедува оброк за оние на кои им е најпотребно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претреси во Скопје, пронајден амфетамин
Денеска (26.12.2024) во 10.15 часот од страна…
АХВ: Водата во Скопје е безбедна за…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…
Од март директна авиолинија од Скопје до…
Од март ќе биде воведена директна авиолинија…
БРАВО! Скопјани ќе добијат вода за неколку…
Во завршна фаза се активностите за санација…
Од вечер повеќе од половина од Скопје…
Од 22 часот денеска, повеќе од половина од Скопје…