(Фото) Банана држава – свежо и сочно: Катица Јанева наместо во затвор си пазари во маркет во Скопје

Eкс специјалната обвинителка Катица Јанева искористи празничен викенд за Велигденските празници. Излезена е од затворот Идризово каде ја издржува затворската казна, а Телма ја улови како пазарува во еден од скопските маркети.
Од Управата за извршување санкции велат дека ја добила оваа погодност на 23 април а синоќа имаше обврска да се врати во Идризово.
Оваа мерка и следува по закон кој дозволува отпус на затвореници после одлежана 1/3 од затворската казна, која за Јанева беше досудена на 7 години.
Таа е осудена за случајот Рекет, заедно со Бојан Јовановски кој е осуден на 9 години затвор и Зоран Милевски Кичеец кој призна вина и доби 3 години.
Прв пат ваква мерка Јанева користеше за новогодишните празници, а до сега добила уште еден излез на 7 часа во февруари годинава.
Извор: Телма
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Траги-комедија: Сопругот ја пријавил за исчезната, таа…
На 22.03.2023 во Полициската станица Ѓорче Петров…
Зибери повторно ќе биде кандидат за прв…
Народниот правобранител Насер Зибери денеска во гостување…
(Видео) Елмас и Чурлинов за пет минути…
Македонија го скрши отпорот на Малта и…
Охридскиот договор падна на првиот тест: Српската…
Српска листа соопшти дека одлуката да не…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…