(Фото) Боки 13 ги објави пораките со Заев – Јавноста во шок

t

Бојан Јовановски преку својот правен тим испраќа отворено писмо адресирано со Зоран Заев, Љубомир Јовевски, Вилма Русковска, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски.

Во писмото Јовановски обвинува дека Русковска е, како што вели помагач во кривичните дела на браќата Заеви.


Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме содржината на писмото.

На самиот почеток на ова отворено писмо ќе го издвојам следново…. смешен и ефтин блеф, бламирачки пропаганден потег е изјавата на Русковска дека и се заканувале со ликвидација доколку не ги гони Заев и популарниот му брат….

ееејјј Вилма од нашево правосудство и јавно обвинителски систем ти направи Боливуд со ефтини приказни и сценарија!!!

Како прво, госпоѓо Русковска, ти си должна согласно закон да постапиш и да ги гониш припадниците на кланот Заеви, без никој да ти се заканува, доколку постапуваше по закон и доколку и ти самата не си вплеткана во сите незаконски дејанија на споменатите!!!

Како второ, фолираш, бидејќи однапред сакаш да се извадиш дека нема да ги гониш со флоскулата дека немаш докази против браќата Заеви, но за да ја разобличам таа твоја флоскула еве јас сега пред целата јавност ќе прикажам комуникации кои укажуваат за незаконските и криминални дејствија на истите, а во што јавноста ќе увиди на кој начин постапуваш, односно непостапуваш и како сокриваш криминал, што би значело според Кривичниот Законик на Република Македонија дека ти си соизвршител или помагач во сторените кривични дела!!!

И како трето, Вилмич верувај ми дека никој за тебе не би валкал раце, не вредиш за некој да одговара како за убиство на човек!!!

Така да, драга Вилмич не се плаши никој нема да те ликвидира!!! Ти самата ќе се ликвидираш со твоето незаконско и криминално постапување од позиција на моќ, како што ти реков твоето место е загарантирано овде од каде што го пишувам ова писмо, во затворот Идризово, инаку тука не е лошо, можеш да запознаеш и добри луѓе, неправедно и невино осудени од таквите правосудни “професионалци” како тебе!!! Може да се стекнат и пријатели, поискрени и почесни од оние фејк интерес пријатели какви сум ги имал јас!!! Околу ликвидација да ти го објаснам и следново, госпоѓо обвинителке Русковска ти си потребна жива, за да одговараш и да платиш на овоземскиот свет за цело нанесено зло на безброј семејства кои се жртви на твојата пакост, незнаење и луцидност!!!

Мојот совет до тебе како познаници од минатото, биди спокојна и подготвувај одбрана со некои од твоите омилени адвокати (особено со еден од нив) ако до тогаш и тие не те фрлат како употребена прљава и измастена крпа за кујна!!!!

Едно прашање, госпоѓо обвинителке Русковска и господине обвинител Јовевски – не ви е ли срам до толку ниско да паднете со такви ефтини изјави дека некој ви се заканувал и дека вие не се плашите?!? Јас ве разбирам дека мора да ја оправдате вашата неспособност, селективност и полтронизам, но очекував малку повеќе стил и умешност согласно функциите кои демек ги извршувате…. грозно и трагично, вие сте златна малина за лоша режија, сценарио и глума!

Господине обвинител Јовевски, наместо да се бламирате на овој начин пред пензија (иако веќе требаше да бидете заминат во пензија, но мора да ја доизработите зададената агенда) погледнете во ова писмо пред што се замижала и не постапила согласно предвидените законски должности вашата “турнеа” колешка со која си се прошетавте до Бугарија, малку парадиравте по автопатот каде што се случи големата сообраќајна несреќа, додека Македонија тагуваше за изгубените животи на нашите сограѓани!!!
Обвинителски блам тандем, тоа сте вие, за жал! Сепак, обвинител Јовевски со оној барем мал процент на личен и професионален интегритет прочитајте го писмово, погледнете ги фактите и самиот одлучете дали ќе бидете и вие соучесник, ако веќе и не сте ?!?!

Океј ајде сега одиме по ред…

Аналогно на содржината од претходните две отворени писма упатени до Заев и Русковска го упатувам ова отворено писмо до погоре наведените лица и до челата општа и стручна јавност, со цел за прикажување и обелоденување на сите незаконски и негативни, а во истовреме и несанкционирани дејствија сторени од страна на споменатите и други!

Напоменувам дека сите наводи во ова писание ги темелам од лични сознанија, сведоштва и податоци кои се наоѓаат во мојот телефон и истите претставуваат апсолутна материјална вистина, за оние кои сакаат да ја видат а надлежните да ја процесираат после сето опишано и изнесено во ова отворено четиво!

Во смисла на зајакнување на веродостојноста и кредибилноста на содржината на изнесеното, во прилог на ова отворено писмо ќе објавам материјални докази од остварени комуникации од мојот телефон. Бидејќи одредени навивачки и платени структури после двете објавени писма ја доведуваа во прашање вистинитоста на моите наводи и велеа дека не ја пишувам вистината па еве денеска платениците ќе останат без плата, а вистината ќе добие светлост на денот, бидејќи со изнесување на денешните докази, платениците ќе мораат да си го голтнат јазикот, посочените да одговараат, а надлежните да делуваат или пак и тие еден ден да одговараат заедно со посочените!!!

Господине Заев, гледам дека сте на некое зимување во некој скап европски ски центар…. и јас бев друже Зоки на скапо летување пред да ме уапсите, па во таа смисла сакам да ви кажам дека во случајности не верувам, а во карма да!!!

Зоране Заев, ако мислите дека ќе се спасите со молчење и игнорирање на поставените прашања и тези од писмото кое што ви го упатив, ве уверувам дека се лажете!!! Спроведената цензура во медиумите под ваша контрола, кои не смееја ни збор да пренесат од отворените писма, зборува за вашето присутно влијание и владеење и покрај театарската оставка!!!

Вие Зоране Заев, позади себе оставивте општествена, социјална и правна ерозија и катастрофа, оставивте целосно девастиран систем во кој сеуште вашите послушници владеат и пустошат, а вие како демек сте се повлекле, ма немојте ве молам! Еден пример од повеќето, вашиот омилен министер за корупција сега повторно се врати да биде министер за земјоделие, небаре нема постручен од него, а и во матните криминални зделки верувам и дека нема, одлично си парирате. “Сличан се сличном радује”! А зошто баш Љупчо Николовски повторно се врати како министер во земјоделие сега ќе им стане јасно на сите и ве молам после ова нема бегање, после ова мора да следи одговорност веднаш!!!

Во контекст на ова, го прашувам Љупчо Николовски екс и актуелен министер за земјоделие да одговори :

– Љупчо, колку во вашиот прв министерски мандат имате трансформирано државно земјоделско земјиште во државно градежно земјиште, колку законски процедури имате прекршено кои морале да бидат спроведени, за чии потреби и интереси и за колкави пари ја имате разработено оваа криминална шема заедно со Заев, брат му Вице и уште неколку пајташи на кланот Заеви и на крајот колку пари искеширавте сите заедно од погореопишаното???

За нештата да станат појасни и за да се види кој ја зборува вистината, а кој панично бега од истата повелете!

Првиот земјоделец по заевистичкиот модел вака работел, работи и ќе работи се додека не одговара заедно со неговиот ментор и идол за сите криминали, ова е само еден мал пример, но и повеќе од доволен да се отворат многу прашања и да се превземаат истражни дејствија!!!

Господине Зоране Заев во писмото кое ви го упатив наведов дека јас лично сум ве споил со сега покојниот Жарко Луковски и наведов дека изработивте милионски проекти и дека наплативте милионски провизии во име на коруптивни награди за вас и вашиот Рашковски кои вие лично му го делегиравте на Луковски!!! Ќе се види дека и други ваши соработници го барале Луковски, но вие му велите најдобро со Рашковски!!!

Меѓудругото денеска ќе се види кој тргувал со СЈО и на кого му се жалел Луковски за истрага во СЈО, на мене или на тебе Зоране Заев?!?!?

И на крајот нели Жарко Луковски беше режимски директор од времето на Груевски и кум на Мијалков… еееххх друже Зоки со ова се гледа целата твоја фасада, политичко манипулирање и жонглирање. Пред гласачите рушеше режим, а во кабинетот се полнеше со пари!!!

Еве ја целата комуникација. Повелете!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масовниот убиец од Тексас нападот го најавил…

Напаѓачот од Тексас кој усмрти 19 деца…

Засилени контроли: Само вчера, 144 казни во…

Министерството за внатрешни работи во текот на…

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се…

Најмалку пет цивили загинаа, а 12 се…

ВИСТИНСКА ТРАГЕДИЈА: 11 новороденчиња изгореа во пожар…

Единаесет новороденчиња загинале во пожар што го…

Делови од повеќе скопски општини денеска без…

Од ЕВН известуваат дека поради технички зафати…