(Фото) Брука: Канадското Министерство за здравство наместо Ковид статсистика на Твитер објави линк до Порнхаб

t

Официјалниот Твитер профил на Министерството за здравство на Квебек, најголемата покраина во Канада, имаше екстра сообраќај во четвртокот наутро, откако сподели линк со несоодветна содржина.

Министерството на канадската покраина се извини откако случајно објавија линк до популарната интернет страница за возрасни „Порнхаб“ (PornHub) наместо до владината веб-страница со нови податоци за Ковид-19.

На нашиот Твитер-профил беше објавен линк со несоодветна содржина. Ги бараме причините. Се извинуваме за непријатностите – соопштија од Министерството.

Линкот што требаше да биде објавен имаше за цел да ги доведе корисниците до владината веб-страница што содржи статистика за Ковид, но наместо тоа, ги испрати до видео „+18“ на „Порнхаб“.

Контроверзниот линк беше објавен во четвртокот, а оние кои кликнаа на него ги пречека фетиш видео со фокус на стапала. Твитот потоа беше избришан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Масакр во Канада: Tинејџер ја застрела мајка…

Шеснаесетгодишен тинјеџер пукал во мајка си и…

Трудо: Канада ќе биде со народот на…

Канада до октомври ќе ја продолжи својата…

Трудо воведува нови санкции за Русија

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека…

(Видео) Голема експлозија на гас во Отава:…

Во експлозија на гас во предградие на…

Неидентификуван летечки објект имало и во Канада,…

Премиерот на Канада Џастин Трудо на официјалниот Твитер-профил соопшти…