Објавено на:

(Фото) Бугарите тврдат дека имаат постара цивилизација од Египет

t

Златното богатство на Варна – предвесник на цивилизациите на Сумер и Египет.Со ваков наслов бугарските медиуми објавуваат за наоѓалиштата кои му припаѓаат на музејот во Варна.

Тие пишуваат дека во почетокот на 70-тите години на дваесеттиот век светот го потресе археолошко откритие во близина на Варна.

Најстарото обработено злато во светот, најмалку 1.000 години постаро од цивилизациите на Микена, Сумер, Месопотамија и Египет. Паралелни студии со радиокарбонска анализа во научни лаборатории и институти во Јапонија, Западна Германија, Британија и СССР, спроведени во средината на 1970-тите, откриле дека предметите од халколитската некропола Варна биле направени помеѓу 4600 и 4200 п.н.е.

Бугарските историчари тврдат дека во периодот VII-III век п.н.е. Европа сè уште живее во неолитот а сите главни достигнувања во тоа време се случиле само на исток.

Дали е чудно што само неколку години по нејзиното отворање, некрополата во Варна халколит е прогласена за сензација на дваесеттиот век, а бугарските земји – колевка на европската цивилизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со дрон се бара телото на маж…

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР…

Бербок во Дамаск: Една понуда и многу…

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена…

Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г.…

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, поглавар…

Авион кружи над Скопје и не може…

Авио сообраќајот и утрово се соочува со…

Испечатените документи од јавни органи од денеска…

Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира…