Објавено на:

(Фото) Бугарката со најголеми усни во светот не планира да запре…

t

Бугарската интернет сензација, 26-годишната Андреа Иванова, не престанува да ги полни колумните во весниците и насловните страници на порталите благодарение на својот уникатен изглед.

Пред неколку години реши драстично да го промени својот изглед, а сега важи за сопственичка на „најголемите усни на светот“, а само на филери на усните потрошила десетици илјади евра.

И покрај тоа што лекарите не сакаат повеќе да ѝ работат на лицето, се чини дека Андреа не планира да престане со естетските зафати, а неодамна направи уште еден. Таа вбризгувала филери во носот за да ѝ се израмни лицето, а сакала и да се подмлади и да ги спречи брчките во таа област од лицето.

За потсетување, таа првпат се најде на насловните страници кога имала шест зафати во еден ден, а во меѓувреме открила дека лекарите ја предупредиле дека дополнителните филери можат да бидат „опасни по живот“, пишува Дејли Меил.

– Со оглед на тоа што имам големо количество филери во усните како и во јаготките, течноста се акумулира на двете страни на лицето и предизвикува брчки. Ваквите чувствителни области мора редовно да се хидрираат и освежуваат за да ги задржам моите усни свежи и млади – објаснила таа.

Имено, таа само за филери за усни платила околу 25 илјади евра, а од резултатите, како што тврди, е крајно задоволна. Додека нејзиниот хирург се плаши за нејзиното здравје, Андреа е решена да продолжи со операциите и сака да ја заврши и областа на носот. Сепак, таа е свесна како работите можат да тргнат наопаку.

– Оваа област е доста опасна за инјектирање бидејќи има синуси и многу крвни садови. Доколку се блокирани, ситуацијата може да биде опасна по живот. Иако опасно, според мене, потребно е да се зачува ова младешко лице – вели таа во видеото покажувајќи кон носот.

– Мојот доктор е загрижен за некроза на ткивото на моите усни, но сѐ додека внимавам и не заборавам да хидратирам, би требало да бидам добро. Тешко е да се насмевнувам и морам да пијам многу вода бидејќи хијалуронската киселина делува како сунѓер. Не можам силно да го тријам лицето со рацете кога го мијам, ниту да правам ненадејни движења на новоинјектираните области. Но, повторно ќе вбризгам во назолабијалните набори бидејќи сакам усните и образите да ми бидат пополни – објаснила таа и изразила желба да продолжи со третманите на лицето и покрај предупредувањата на медицинскиот персонал.

– Тие се убедени дека претерувам, но јас сум апсолутно непопустлива и ќе продолжам со овие постапки – рече таа.

Инаку, минатата година призна дека се „бори“ со наоѓање љубов и покрај тоа што мажите ѝ посветуваат големо внимание на интернет. Иако е нестрплива и сака што побрзо „лудо и вистински да се заљуби“, вели дека ќе ѝ одговара само некој кој целосно ќе го прифати нејзиниот изглед.

– Ако сум во врска со некого, а тој ми каже дека му е непријатно додека шета со мене на улица или на јавни места, тогаш ќе раскинеме – изјавила Андреа.

– Ќе се чувствувам лошо и навредено, па тогаш ќе морам да барам нов партнер на којго нема да му пречи мојот изглед – рече таа и објасни како би сакала лудо и вистински да се заљуби и да го запознае вистинскиот партнер за себе, бидејќи таа тврди дека љубовта е „најубавата и најважната работа на овој свет“.

Што се однесува до коментарите на социјалните мрежи, оваа 26-годишна Бугарка добива бројни комплименти од мажите, но има и такви на кои нејзиниот изглед не им е привлечен.

– Кутра девојка – пишува во коментарите под нејзината последна објава.

– Оваа девојка треба да оди на психолог, болна е – напишал друг коментатор, додека еден маж сепак напишал дека сѐ што сака е „еден бакнеж“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ