(Фото) Во престерелка пред Општина Куманово ранет носителот на листа на ДУИ во Липково: Пукале две лица од автомобил во движење
Во пукање пред Општина Куманово денеска е ранет носител на советничката листа на коалицијата на ДУИ во Општина Липково.
Информацијата за Инфомакс ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот, стои во соопштението.

Засега не е јасна причината за пукањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Во престерелка пред Општина Куманово ранет…
Во пукање пред Општина Куманово денеска е…
(Видео) Немаме коалиција ниту со ДУИ, ниту…
Не, ние немаме коалиција ниту со ДУИ,…
Али Ахмети: Ако Македонија не влезе во…
Али Ахмети од Тетово испрати порака до…
ДУИ: Европската иднина на земјата е блокирана…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
ДУИ: Мицкоски во паника – ВРЕДИ е…
Последните изјави на Христијан Мицкоски се јасен…