(Фото галерија) Кој го пушти Градот Скопје на најјако? – Пролетна офанзива на Арсовска

На локалните избори минатиот октомври граѓаните ширум Македонија гласаа за промени, скопјани гласаа за човек кој е нов политиката, но со докажани менаџерски способности, а очигледно е дека одлуката на скопјани се покажа како вредна инвестиција во својата иднина.
Граѓаните коментираат „Кој го пушти Град Скопје на најјако“, „ако се сака се може“, „можело поинаку“ итн. видно задоволни од досегашната работа работа на градоначалничката Данела Арсовска.
Пролетната офанзива, односно акција за враќање на сјајот на главниот град, и замислата на Арсовска Скопје да стане модерен град станува реалност. Арсовска ја најави пред само неколку дена истакнувајќи дека ваква акција не е спроведена во изминатите неколку години.
– Ако се работи во континуитет може да се видат значајни промени и градот Скопје да биде почисто и хумано место за живеење, а проблемите на граѓаните да бидат преточени во решенија за поубаво и модерно Скопје. Затоа овие работни акции ќе бидат дел од редовните активности во градот Скопје- нагласи Арсовска.
Оваа голема акција, ќе се спроведува во координација со сите јавните претпријатија, а опфаќа најразлични активности ширум општините во градот.
-Големата пролетна работна акција низ општините опфаќа активности на чистење на булеварите и улиците, рачно и машинско миење на улиците, собирање на кабаст отпад на предвидените локации низ општините, санирање од оштетувања на коловозите, поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, садење садници и уредување на зеленилото низ скопските општини, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња, каде што по нивен хуман третман ќе биде овозможено да бидат вдомени, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и активирање механизација за прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици, посочи градоначалничката Арсовска.
Она за што говореше Арсовска пред само неколку дена веќе се гледа по улиците на Скопје.
Погледнете ја фото галеријата:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Делчево донираше 60.000 денари за…
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски донираше 60.000…
Пет пациенти кои се лечеа во странство…
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари на…
Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во…
Земјотрес со јачина од 3,2 степени според…
Министерството за демографија ја започна постапката за…
Министерството за социјална политика, демографија и млади…
Црвен крст: Исплатена помош на 58 семејства…
Црвениот крст денска соопшти дека со исплатата…