(Фото галерија) МАКЕДОНИЈА драматично ја победи Чешка – Обезбеден настап на уште еден Мундијал

t

Македонската ракометна репрезентација ја совлада Чешка со 27-25 и се пласира на Светското првенство во Полска и Шведска.

Отворивме со гол и водство, но Мрква и Клима брзо донесоа пресврт и прво водство на Чесите. Никола Митревски со три одбрани во првите пет минути не дозволи нашите противници да се одлепат. Нашата феноменална одбрана пет напади ги сопре ривалите и со серија 5-0 поведе со 7-4. Талески од позиционен напад, Пешевски од линијата и младиот Петар Атанасијевиќ со првенецот во репрезентацијата ни донесе највисока предност. 

Нашата игра фати одличен ритам на двата дела од теренот. Митревски се разбрани, а на половина полувреме Лазаров се запиша меѓу стрелците за 8-5 и минута одмор за Сабате. Следеа голови на Бабак и Хрстка и Чесите веднаш се доближија на -1. Следеа минути на Миркуловски, кој изнуди седмерец и исклучување, а потоа погоди за 9-7. Ветераните Лазаров и Миркуловски ги презедоа работите во свои раце, па и покрај исклучувањето на Стоилов, Македонија поведе со 13-10 во 25.

минута. Настапија „црни“ минути за нашиот национален тим, Младеновиќ беше исклучен, а по грешката на Стоилов, Чесите намалија на 13-12. Во хаотичен финиш Кузмановски единствен погоди во последните три минути и македонската селекција на одмор замина со 14-12.

Вториот дел почна со исклучување на Филип Талески, но со головите на Јагуриновски и двапати Кузмановски пак Македонија дојде до највисоките +3. За секој гол мораа да се намачат двете селекции, а дистанцата од 2-3 разлика постојано беше присутна. Нашиот „бомбардер“ Кузмановски ефектно го постигна својот шести гол, а Пешевски првпат зголеми на +4 во 41. минута.

Сабате почувствува дека Чешка го губи чекорот и повика минута одмор. Нашиот ривал се врати во натпреварот, имаше и зицер на 20-18, но Митревски чудесно одбрани и ја подигна селекцијата. 

Во периодот на криза, кога Мрква му одбрани можност од крило на Атанасијевиќ, Митревски со одбрана со глава ја спаси нашата селекција. Сантош и Фонсека од Португалија го навлекоа гневот на домашните ракометари и фановите со својот критериум, па со многу бес Јагуриновски погоди за 25-22 во 54. минута. Сепак, Бабак и Ужек експресно погодија и Чешка намали на 25-24 на четири минути до крајот. Чесите имаа и напад за реми. но нашата одбрана одговори и Лазаров со минута одмор ја смири селекцијата пред драматичните последни три минути.

Следеше „бомба“ на Талески за +2 на две минути до крајот. Сепак, Бабак брзо реализираше за 26-25 на деведесет секунди до крајот. Јагуриновски изнуди седмерец на петнаесеттина секунди до крајот, а Кузмановски погоди за 27-25 и пласман на Светското првенство следната зима.

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пролет и Еурофарм Пелистер без проблеми, Алкалоид…

Екипите на Пролет и Еурофарм Пелистер први…

Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…

Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…

(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…

Несомнено е дека за депортацијата на македонските…

Слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје…

Тажно: Најмладиот пациент кој оди на дијализа…

Најмладиот пациент во Македонија што оди на…