(Фото) Граѓаните на општина Кисела Вода сами си ги санираат улиците

t

Денеска граѓани на Општина Кисела Вода, од н. Драчево, со самоорганизација ги пополнувале дупките на делот од улица Речиште, за кој веќе подолг временски период чекаат било каква реакција од самата Општина, која е надлежна за да го санира делот.

Според информациите кои ги имаме, улицата стои раскопана од мандатот на претходниот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Откако новата градоначалничка Бети Стаменковска Трајкоска, ја презема функцијата Градоначалник на Општина Кисела Вода, по повторна молба и барање од страна на граѓаните, Општината дала ветување дека проблемот ќе биде решен.

Но, поради тоа што сѐ уште никој нема преземено никаква активност, денеска, тие со самоорганизација, знаејќи дека е незаконски, сепак се одлучиле да го решат проблемот самите, бидејќи со години истиот постои, а молкот од страна на надлежните продолжува.

Овој пат Општината била доволно и брза постапила, со тоа што испратила вработени за да ги известат граѓаните дека тоа што го преземале е незаконски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Граѓаните на општина Кисела Вода сами…

Денеска граѓани на Општина Кисела Вода, од…

(Фото+Видео) Колку милиони плативме за повторно да…

Снегот не е изненадување во зима –…

(Видео) Цел ден гори дива депонија над…

Пожарите во Македонија се уште не стивнуваат,…

Граѓански протест против загадувањето и во Драчево

Веќе со недели скопјани не можат да…