(Фото) Започна асфалтирањето на улицата „Наум Охридски” во Црниче

t

Нанесен е првиот слој асфалт на улицата „Наум Охридски“, како дел од реконструктивните зафати кои ќе го решат долгогодишниот проблем на жителите од Црниче.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски изврши увид во градежните активности кои покрај асфалтирањето по цела должина на улицата, предвидуваат и реконструкција на атмосферската канализација и нов тротоар и осветлување.

-Започна асфалтирањето на првиот слој на ул. „Наум Охридски“ во Црниче. Проектот го финишираме со целосна реконструкција на атмосферската канализација на улицата, која до сега правеше сериозни проблеми на жителите кои живеат по улицата. Планирана е и реконструкција на тротоарите, затворање на дупките кои се отвораа токму поради атмосферските води, како и осветлување на улицата, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чекај нè Европо: Тетово без најава остана…

Цело Тетово 6 часа немаше вода за…

Делови од Карпош утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека утре…

Делови од Центар и Карпош утре ќе…

Дел од корисниците лоцирани на потегот од…

(Фото) Брука, што пијат македонските полицајци? Паковка…

Полициските службеници добија паковка од "Нескафе" во…

Ново поскапување во најава?! Ако Владата не…

Во име на здружението АДКОМ кое ги…