(Фото) Идеолошка кармакаша: Мицкоски на промоција на книга на најголемиот крвник на ВМРО – Лазар Колишевски
На социјалните мрежи е споделена објава од настан во организација на Социјалистичката партија на Македонија, а посветен на ликот и делото на Лазар Колишевски.
-Ние во Социјалистичката партија на Македонија продолжуваме со книгоиздателската мисија со најновото печатено издание “Колишевски и Македонија”. Наш долг и обврска кон другарот Лазар Колишевски како историска личност, општественик, но и како кон претседател на Сојузниот одбор на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Југославија – ССРНЈ. Потсетување преку избор на негови обраќања, трудови, ставови и размислувања посветени на аспектите на македонското национално прашање. Денес исклучително актуелна тема која ја засега пошироката јавност, особено македонскиот народ. Со нескриена македонска исполнетост пишани листови за поттик, охрабрување и патоказ за излез и решавање на сложените и горливи прашања со вистинско национално чувство, достоинство, трпелливост и мудрост. Со особено внимание токму во февруари 2024 година, денес на 110 годишнината од раѓањето на Лазар Колишевски го промовираме нашето издание “Колишевски и Македонија”. Социјалистичката партија на Македонија, како наследник на ССРНМ, го враќа Колишевски во просторот каде што природно и идеолошки припаѓа како составен дел од македонските социјалисти. Социјалистичката партија на Македонија се обраќа со искрен и отворен повик до неговите современици и сите кои веруваат и ги споделуваат нашите програмски определби и кои ја согледуваат потребата за идеолошко пристапување и окрупнување преку националното обединување и градењето единство за заштита на македонската држава и народ, како заеднички и врвен приоритет., стои во соопштението објавено од СПМ.
Она што е интересно е што помеѓу присутните да го чествува ликот и делото на Лазар Колишевски и промоција на книгата се најде и Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Имено Мицкоски е фотографиран во првите редови веднаш до претседателот на СПМ, Љупчо Димовски.
Се поставува прашањето дали Мицкоски воопшто знае кој бил Лазар Колишевски?
7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Македонија се убиени без суд и пресуда 1200 луѓе. На 26 декември 1944 година, неколку дена пред Божиќ 1945 година во касарните во Скопје и Штип се побуниле неколку илјади војници и над 100 офицери. Тие не биле согласни со дојдената заповед од Белград да заминат на фронт на Срем. Ја изјасниле својата желба војската да се насочи кон Солун, за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија.
Токму Лазар Колишевски ги посочува овие побунениците и ги обвинува дека се некакви “бугараши”, “Ванчомихајловисти”, “ВМРО-вци” и “фашисти”.
Политичката егзекуција на Методија Андонов – Ченто бил процес во кој биле вклучени многу лица, но клучната фигура во тоа сигурно дека бил Лазар Колишевски. Kако најважна политичка личност во тој период, Колишевски, морал да има решавачки збор околу апсењето на Ченто, смета првоборецот Перо Ивановски – Тиквар, пишува „Дневник“.
Во пресрет на седница на Комисијата за лустрација во 2013-та која требаше да утврдува кој се и на каков начин му ги прекршил човековите права и слободи на првиот македонски претседател во монтираниот судски процес во 1946 година, Ивановски за весникот наведува дека нарачателите на случајот се оттука. Сепак, додава тој, заради своите промакедонски ставови Ченто предизвикал и незадоволство кај врвот на тогашната југословенска комунистичка власт.
– Според мене, несомнено е дека Колишевски е или нарачател или спроведувач на отпорано разговарани работи меѓу него и Едвард Кардељ. Сигурен сум и во тоа дека Кардељ е еден од главните нарачатели поради ставовите на Ченто. Не може една таква значајна личност каков што бил Ченто во тој период да биде уапсена во Македонија, а за тоа да не дал согласност Лазар Колишевски, кој тогаш беше најважен политичар во земјава – додал овој првоборец.
За идеолошката кармакаша да биде уште поголема помеѓу присутните на овој настан во организација на СПМ е и професорот Стефан Влахов Мицов кој важи за исклучително проруски настроен, a наводно заложбите и на Мицкоски и на СПМ се за членство во Европската Унија.
За целата ситуација да биде уште поинтересна настанот го предводеше поранешниот македонски амбасадор Ристо Никовски.
Веројатно и самиот Мицкоски не знае која е неговата политиката и идеологија.
За крај еден цитат од Ченто за средбата со Колишевски:
…Се сеќавам еден ден дојде Лазар Колишевски, во Идризово, во 1953 г., заедно со Глигор Зафировски, управник на затворот. Дојде кај Ченто и му зборуваше нешто за помилување. Овие зброви ќе ги паметам додека сум жив.
На зборовите за помилување, Ченто свика: „Кога не бев за осудување, ме осудивте на 10 години. Што барате сега? Милост не сакам!
Сте ме осудиле на 10 години – 10 години ќе одлежам! Не ми треба помилување! Ќе одлежам до ден колку што ме осудивте!“ така му рече на еден Лазар Колишевски, претседател на Народна Република Македонија, стамено и гласно, како маж!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски војници се ранети во ракетен напад…
Најмалку петмина американски војници се ранети, еден…
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…