Објавено на:

(Фото) Интензивните поплави во Малезија загрозуваат 125.000 луѓе…

t

Обилните дождови предизвикаа големи поплави во седум сојузни држави во Малезија.

Националната агенција за управување со катастрофи соопшти дека околу 125.000 луѓе се загрозени од поплавите, а малезиските држави коишто се погодени од катастрофите се Келантан, Теренгану, Паханг, Џохор, Малака, Негери Сембилан и Сабах.

Според извештаите, 8.727 луѓе се префрлени во 128 прифатни центри, а 117.700 евакуирани се вратиле дома.

Во поплавите загинале 50 лица, а двајца сè уште се водат како исчезнати.

Малезискиот премиер Исмаил Сабри Јакоб минатата недела најави дека државата ќе одвои 334,93 милиони долари за помош на најпогодените од големите поплави.

Малезискиот премиер додаде дека владините мерки ќе им помогнат на најмалку 30.000 погодени домаќинства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словенија стравува од поплави и одрони по…

Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…

Поплави во Велика Британија – автомобили се…

Делови од Велика Британија вчера беа зафатени…

Во Шпанија спасена жена која три дена…

Жената која три дена била заробена во…

Над 200 загинати досега во поплавите во…

Бројот на загинати во поплавите што ја…

Реал Мадрид донира еден милион евра за…

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија кој…