(Фото) Како Мицкоски со професорска плата купил часовници од 60.000 евра – објавена имотната состојба на новиот премиер

t

Христијан Мицкоски во неделата и официјално стапи на функцијата премиер на Република Македонија, а вчера беше извршено примопредавање на функцијата премиер од страна на техничкиот премиер Талат Џафери.

Со тоа Христијан Мицкоски стана 13 премиер на Република Македонија, а Македонија ја доби 20-тата Влада по ред.

Имено Христијан Мицкоски одамна нема државна функција па соогласно тоа немаше никаква законска обврска да го пријави својот личен имот.

Сепак, по 8-ми мај, Христијан Мицкоски како носител во првата изборна единица стана пратеник во Собранието на Република Македонија што му ја обнови обврската да го пријави целиот имот кој го поседува на сопствено име, како и начинот на кој е стекнат имотот.

Соогласно законската обврска секој избран или именуван функционер е задолжен да го пријави својот имот во Државната Комисија за спречување на корупција во законскиот рок од 30 дена од изборот или именувањето на функција.

Нормално, Мицкоски максимално го искористи законски определениот рок па така дури вчера, на истекот на овој рок ја објави својата имотна состојба.

Мицкоски пријавил дека поседува куќа во Влае која ја купил за 26,8 милиони денари или речиси 450 илјади евра. Овој имот новиот премиер посочил дека го стекнал со купопродажен договор во 2014 година додека работел како професор на Машинскиот факултет во Скопје.

Мицкоски пријавил и девизен депозит во евра, но не ја истакнал количината на странски девизи кои ги чува на штедна книшка.

Новиот премиер пријавил и дека должи околу 400.000 денари кредит.

Она што можеби највеќе изненадува е тоа што што Христијан Мицкоски пријавил дека поседува часовници во вредност од преку 65.000 евра или ерен од 2.3 милиони денари или над 44 илјади евра и уште еден рачен часовник од 800 илјади денари или 13 илјада евра.

Поефтиниот го стекнал пред превземањето на функцијата директор на ЕЛЕМ, додека поскапиот по завршување на директорската функција или во периодот пред превземање на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски не објаснил како се стекнал со овие два луксузни швајцарски часовници.

Едниот од часониците кои редовно ги носи новиот премиер  е од луксузната швајцарска марка IWC Schaffhausen.

Мицкоски пријавил дека поседува и една уметничка слика која чини над 600 илјади денари или над 10 илјади евра.

Интересно е што Мицкоски нема пријавено во својот имотен лист никакво моторно возило.

Колку за споредба, часовници од брендот ИВЦ Шафхаузен носат неколкумина светски државници.

Канадскиот премиер Џастин Трудо носи ИВЦ Португес.

Врховниот лидер на Северна Кореја часовите ги смета на својот ИВЦ Шафхаузен Портофино, многу сличен часовник како оној на Мицкоски.

Вакви часовници носат и Владимир Путин, Орбан, Мицотакис, Борисов, но и многу други светски лидери и бизнисмени.

За жал, се поретко вакви лускузни часовници можат да се забележат на раката на професорите и наставниците. Мицкоски сепак, е исклучок.

оторно возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција заплени кокаин вреден милион евра скриен…

Грчките власти заплениле кокаин вреден повеќе од…

Приведено лице од прилепско поради предизвикување пожар

На 05.08.2024 во с.Штавица, прилепско, полициски службеници…

НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ: 8 години…

Скопје денеска одбележува осум години од невремето…

Биткоинот со најголем пад за еден ден…

Пазарите на криптовалути се „олеснија“ за 270…

Светските берзи силно паднаа, тоне ли САД…

Берзите низ Европа и Азија остро паднаа,…