(Фото) Кај е Гоце? Нека стане, го предадоа! – Го виде ли Ковачевски овој транспарент на трибините?

t

Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Бугарија помина во тензична атмосфера и за жал заврши со пораз на македонската репрезентација.

Македонските навивачи од трибините постојано ги бодреа нашите фудбалери, а наввачите беа доста креативни па донесоа низа транспаренти со пораки за Бугарите.

Спортот може треба да се одвои од политиката, ама Македонците вчерашниот натпревар го видоа како можност да покажат дека бугарските фашистички ставови, негирања на македонскиот народ, јазик и историја нема да поминат во Македонија.

Меѓу многуте знамиња и транспаренти се издвојува еден, со Гоце Делчев на кој пишува “Кај е Гоце? Нека стане, го предадоа!”.

Натпреварот од трибините го следеа и прмиерот Ковачевски заедно со генералниот секреар на СДСМ, Зечевиќ и поранешниот градоначалник на Скопје, Шилегов.

Се надеваме дека и тие внимателно ги следеа скандирањата на македонските навивачи, пеењето на химната и “Едно име имаме”, а и дека го забележале овој транспарент.

Македонците упатија јасна порака и до домашните власти и до Бугарија и цел свет!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија ги раскинува воените договри со Бугарија…

Руската влада го овласти Министерството за одбрана…

Нели ќе го раскиневте? Николоски потпиша договор…

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,…

Илјадници Бугари и синоќа протестираа против корупцијата,…

Десетици илјади лица синоќа излегоа на улиците…

Бугарија се пофали со првите F-16!

Бугарија официјално ги претстави своите први осум…