(Фото) Македонци пpoтecтираа пред Украинската амбасада: Не сакаме нашите деца да гинaт на фpoнтот со Русија
Пред Амбасадата на Република Украина група на граѓани со македонско знаме и транспаренти во рацете група ѓраѓани одржаа мирен протест под мотото “Против глорификацијата на Нацизмот во Украина“.
Во рацете на демонстрантите можеа да се забележат транспарентите „Против глорификацијата на нацизмот во Украина“, „Против праќањето на нашите деца да војуваат за вас“, „Борете се сами против Русија“ и „Нацистите немаат
место во ЕУ“.
Пред присутните се обрати Владимир Трајковски „Им порачуваме на вработените во Амбасадата на Република Украина да им пренесат на властите во Киев дека Македонија и македонскиот народ се против државната политика на Украина за „Воскреснување и воспевање на нацизмот“, како и обидот за градење на украинската нација и историја околу Степан Бандера и Роман Шухевич, кои што биле нацисти и соработници на Хитлер (и кои што извршиле воени злосторства и масовни убиства против евреите, полјаците, украинците и русите).
Македонија и Македонскиот народ му се благодарни на украинскиот народ за поддршката и помошта во татковинската војна во 2001 година, но ние денес сме против Властите на Украина и нивната политика на „Глорификација на нацизмот“.
Ваквата политика на долги стази ќе има негативни последици не само врз Украина, туку и врз соседите на Украина, како и врз цела Европа.
Играњето на картата на нацизмот на украинските власти Нема да им помине, и ќе им се одбие од глава. Нацизмот нема место во 21 век, а уште повеќе во Европа и во ЕУ, кон која што Украина тежнее. Ние сме против обидот на Украина и на Западот да предизвикаат војна помеѓу Украина и Русија, како и помеѓу рускиот и украинскиот народ, кои што се браќа, и јасно им порачуваме на властите во Киев, Ние нема да ги праќаме нашите деца да војуваат за вашите интереси.
Ние сме против војна, и сме за мир. Нацизмот го победивме 1945 година, ќе го победиме повторно.“
Украинските власти и елити слепо ги исполнуваат наредбите од
Вашингтон и не се ни обидуваат да го спроведат Минскиот договор од 2015 година и на тој начин да ја прекинат граѓанската војна на истокот на Украина и на тој начин да ги нормализираат односите со Русија.
А цела Европа ќе одговара за нивните постапки и за возможната војна помеѓу Украина и Русија. Она што е интересно е дека Украина цело време изјавува дека Крим е Украински, и дека таму живеат Укранци. Но Украина пред неколку години го
прекина доводот на електрична енергија за Крим, како и дотокот на вода за пиење за Крим, бидејќи Украина го затвори северо-кримскиот канал за достава на вода на Крим.
Протестот помина во мирна атмосфера, и покрај тоа што пред
Амбасадата на Република Украина беа разместени полицајци, што е нормално за секој протест пред странска Амбасада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични пријави за тројца од Подградец кои…
Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…
(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…
На социјалната мрежа Х се појавија видеа…
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Таравари постави за директорка докторка која има…
Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…